Гент-Вевелгем 2020 — 82. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 11 октомври 2020 година како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
Како еден од пролетните класици, Гент-Вевелгем првично бил закажан да се одржи на 29 март 2020 година, но бил откажан поради пандемијата на КОВИД-19 во Белгија. Трката била повторно закажана за 11 октомври 2020 година како дел од обновениот календар, и била единствена белгиска трка која се одржала во тој дел од сезоната.
Рута
Организаторите на трката побарале гледачите да ја следат трката од дома и не ги објавиле деталите на рутата на јавноста пред самиот почеток на трката. Бидејќи делови од трката поминувале низ Франција, истите морале да бидат отстранети поради влошувањето на пандемијата во Франција. Почетните времиња биле исто така прилагодени за да се избегнат со оние на Џиро д’Италија. По првпат, машката трка започнала пред женската трка.
Екипи
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи. Иако повеќето екипи настапиле со максималните седум возачи, , и настапиле со само шест, додека настапиле со само пет. Само 95 од вкупно 170 возачи ја завршиле трката.
Поредок Завршен пласман
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гент-Вевелгем Категорија:Светска турнеја на UCI 2020 Категорија:Белгија во 2020 година