Никола Грбиќ (роден на 6 септември 1973 година) е српски одбојкарски тренер и поранешен одбојкар, актуелен селектор на Полската машка одбојкарска репрезентација и италијанскиот тим Сер Сејфти Перуџа. Тој бил член на одбојкарските репрезентации на Србија и Црна Гора во 1995-2006 година и Србија во 2006-2010 година, освојувач на златен медал на Олимписките игри Сиднеј 2000 година, бронзен медалист на Олимписките игри Атланта 1996 година, учесник на Олимписките игри (2004 Атина, 2008 Пекинг), повеќекратен освојувач на медали од Светско првенство, Европско првенство и Светска лига, двократен италијански шампион (2008, 2010), руски шампион (2014). Грбиќ бил прогласен за играч на годината во Европа во 2007 година и бил примен во Куќата на славните во одбојката во 2016 година.
Како млад Грбиќ е роден во Клек. Тој има постар брат Владимир, кој исто така е поранешен одбојкар.
Приватен живот Оженет е со Станислава и има два сина кои вежбаат одбојка.
Кариера како играч
Клубови По укинувањето на ембаргото во 1994 година, репрезентативната кариера на Никола продолжила во време кога тој премина во италијанскиот клуб Габека Монтичиари, кој започна 13-годишна кариера играјќи за осум различни италијански тимови и резултирајќи со осум титули во лигата од 1994 до 2013 година. Тој освоил две шампионски титули во Италија (2008 Трентино – 2010 Кунео) и една во Русија (2014 Зенит Казан). Тој исто така освоил и две титули на ЦЕВ Евро Лигата на шампионите (2000 Сисли - 2009 Трентино).
Репрезентација Со сениорската репрезентација започнал во 1991 година, кога имал 18 години. Потоа, две години (1992-1994) не играл поради меѓународното ембарго. Тој бил капитен на својата репрезентација во периодот 1999–2010 година. Во 1996 година, Југославија, вклучително и Грбиќ, го освоил бронзениот медал на Олимписките игри во Атланта 1996 година. Никола бил награден како најдобар сетер на Европското првенство во 1997 година кога Југославија го освои сребрениот медал. Во 1998 година Југославија во одбојка на Светското првенство освоил сребрен медал. На следната Олимпијада неговиот тим го освоила златото на Олимписките игри 2000 година во Сиднеј. Тие во финалниот натпревар ја победиле Русија (3-0). Повторно, во 2010 година, со Србија неговиот тим освоил бронзен медал. Кариерата на Никола не била завршена по Пекинг бидејќи и помогнал на Србија да ја освои бронзата на Светското првенство ФИВБ во Италија во 2010 година, каде што беше прогласен за најдобар сетер на турнирот.
Кариера како тренер Во мај 2014 година, тој станал главен тренер на италијанскиот клуб Сер Сејфти Перуџа. На 3 февруари 2015 година, Грбиќ бил означен за нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Србија. Во следната година Србија со моќно присуство освоил златен медал во2016 година во Светската Лига. Србија ги загубила своите пет претходни настапи во финалето на Светската лига, вклучувајќи три порази од Бразил.
Спортски достигнувања
Како играч
ЦЕВ Лигата на шампионите 2008/2009 – со Трентино Волеј ЦЕВ Куп на европски шампиони 1999/2000 – со Сисли Тревизо Куп на ЦЕВ 1997/1998 – со Алпитур Трако Кунео 2005/2006 – со Копра Берни Пјаченца 2009/2010 – со Бре Банка Ланути Кунео Државни првенства 1991/1992 година Купот на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад 1991/1992 година Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад 1992/1993 година Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад 1993/1994 година Купот на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад 1993/1994 година Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад 1998/1999 година Куп на Италија, со ТНТ Алпитур Кунео 1999/2000 година Купот на Италија, со Сисли Тревизо 2007/2008 година Италијанско првенство, со Трентино 2009/2010 година Италијанско првенство, со Бре Банка Ланути Кунео 2010/2011 година Италијански Суперкуп, со Бре Банка Ланути Кунео 2010/2011 годинаКуп на Италија, со Бре Банка Ланути Кунео 2013/2014 година Руско првенство, со Зенит Казан
Како тренер
ЦЕВ Лигата на шампионите 2020/2021 – со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле Државни првенства 2019/2020 година Полски Суперкуп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле 2020/2021 година Полски Суперкуп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле 2020/2021 година Полски куп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле
Поединечни награди
1997: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер 1997: Спортист на годината од Олимпискиот комитет на Србија 2000: Италијанско првенство – најдобар играч 2000: Италијанско првенство – најдобар странски играч 2001: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер 2003: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер 2003: Светско првенство на ФИВБ – најдобар сетер 2005: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер 2006: Куп на топ тимови на ЦЕВ – најдобар сетер 2009: Светска лига на ФИВБ – најдобар сетер 2010: Италијанско првенство – најдобар сетер 2010: Куп на Италија – најдобар играч 2010: ЦЕВ куп – најдобар сетер 2010: Светско првенство на ФИВБ – најдобар сетер 2014: ЦЕВ – Врвен лидер на тимот
Наводи
Надворешни врски Профил на тренер на LegaVolley.it Профил на тренер/играч на Volleybox.net Профил на играч на LegaVolley.it Профил на играч на Volleyhall.org
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Српски одбојкари