мини|Драгана Мирковиќ во 2015 година Драгана Мирковиќ (родена во Касидол, во близина на Пожаревац, на 18 јануари 1968) е српска пејачка во правецот на поп-фолк музика. Многу извори ја опишуваат како најголемата ѕвезда на Балканот.Billboard: Dragana Mirković - 'The Madonna or Lady Gaga of Serbia' Посетено на 03.07.2014.Opera-17: DRAGANA MIRKOVIĆ SKROMNO PRIZNALA: PONOSNA SAM NA NAGRADU NAJPOPULARNIJE PEVAČICE NA BALKANU! Посетено на 04.06.2014.Srbija Danas: AUSTRIJSKI MEDIJI POLUDELI ZA NJOM: Draganu Mirković HVALE i POŠTUJU! Посетено на 30.05.2015..Pink.rs: POKORILA EVROPU Dragana Mirković dobila veliku ČAST u Austriji! Посетено на 05.07.2016 Со речиси 10 милиони продадени плочи и снимки, таа е најпродаваната пејачка во деведесетите години на територијата на поранешна Југославија, но и во Бугарија, како и најпродаваната пејачка во осумдесетите години, веднаш по легендарната Лепа Брена. Таа е популарна низ територијата на поранешна Југославија и е единствената српска пејачка која ги распродала концертите на големите стадиони во Бугарија, РоманијаTV Prva:Dragana Mirković - Koncert u Rumuniji Посетено на 04.07.2013.DM Sat: Dragana Mirković - Reportaža sa koncerta u Rumuniji Посетено на 24.07.2013. и Босна,Estradne vesti: Dragana Mirković - Koncert na stadionu Kiseljak u Sarajevu Посетено на 25.07.2013. како и единствената српска пејачка која одржала голем солистички концерт на територијата на Турција. Таа била позната и по нејзините иновативни, високобуџетни и уникатни видеа и комплицирани кореографии во стилот на популарната Џенет Џексон. Драгана Мирковиќ глумела во три филма, од кои најпознат е „Слатки од соништата“, во кој ја играла главната улога. Таа е сопственичка на телевизијата „ДМ Сат“ со седиште во градот Пожаревац. Најпрестижното американско списание „Билборд“ објавило статија во која Драгана Мирковиќ ја нарекуваат „Српска Мадона или Лејди Гага “,„Jose Feliciano Records New Single With 'The Madonna or Lady Gaga of Serbia'"“, Billboard, 03.07.2014 г. а често ја нарекуваат и „кралица на српската сцена“Ekskluziva: Dragana Mirković pokorila austrijski Garsten: Sa kraljicom estrade pjevala prepuna sala! Посетено на 02.11.15 или „Светлината од Касидол“.Puls:Dragana Mirković - Luče iz Kasidola Посетено на 7. 5. 2013. Нејзиниот албум од 2006 година таа го нарекла „Луче моје“.
Биографија Драгана Мирковиќ е родена во околината на Пожаревац, и израснала во шестчлено семејство во селото Касидол, кое се наоѓало во близина на градот Пожаревац. Со музиката започнала да се запознава благодарение на нејзиниот дедо Драгутин, додека го слушала како свири на хармоника. На пет години ја научила првата песна: Девојкаta му згрешила на соколот. Нејзиниот музички талент бил многу бргу забележан, бидејќи со учеството на локалните натпревари го привлекла вниманието на видни луѓе од Дискографските куќи кои ѝ понудиле да сними музичка плоча.
Долго време била во врска со Зоран Башановиќ, кој ѝ бил и менаџер, но се омажила за Тони Бјелиќ, стопанственик кој живеел во Виена. Со него имала и две деца, Марко (2001) и Мануел (2002). По склучување на нејзиниот брак, Драгана се повлекла од очите на јавноста. По четиригодишна пауза, таа го снимила албумот кој претставувал повратен албум кон сцената. Овој албум носел име ,,Трага од минатото'' во 2004. Во текот на кариерата Драгана одржала шест самостојни музички турнеи, а продала 1,5 милиони билети. Помалку продадени билети имала само од Лепа Брена.
Кариера
Музички почетоци и првата снимена плоча Првиот албум Драгана го објавила во април 1984 година во соработка со Новица Урошевиќ, а дека нејзиниот талент од самиот почеток на кариерата го забележала публиката говори и фактот што тој албум бил продаден во 160.000 примероци. Првото телевизиско појавување се случило на крајот на 1984 година во шоуто „Новогодишна фолк парада“. Таа настапила заедно со 12те најпопуларните пејачи на народна музика во тоа време. Следната 1985 година, нејзиниот Втор студиски албум бил објавен во соработка со Новица Урошевиќ. И овој албум бил одлично прифатен од страна на публиката, исто како и нејзиниот прв албум.
Со „Јужни ветар“ Како член на популарната музичка група од тоа време Јужни ветар, таа настапувала на турнеи низ цела тогашна СФРЈ, а на концертот на Ташмајдан во Белград настапувала пред тогашните рекордни 11.000 гледачи.
Драгана ја прекинала соработката со Новица Урошевиќ и во 1986 година преминала во групата „Јужни ветар“. Заедно со оваа музичка група го објавила својот трет студиски албум наречен како „Спаси ме од самотија". Носечката песна како и песната „Кога би знаел колку копнеев“ подоцна биле вистински евергрини во народната музика. Со тој албум Драгана заминала на голема југословенска турнеја заедно со групата Јужни ветар и пејачите; Шемса Суљаковиќ, Синан Сакиќ, Миле Китиќ и Кемал Маловчиќ. Следната година, поточно во 1987 година, Драгана го објавила својот нов албум, помодерен од претходните, а сѐ почесто се слушало дека само со нејзини 19 години започнала да пее сериозни и зрели песни. Една година подоцна, во 1988 година, таа го објавила албумот со кој ги надминала претходните. Во 1989 година, Драгана го објавила најпродаваниот албум со групата Јужни ветар наречен „Симпатија“, кој бил продаден во неверојатни 500.000 примероци. Овој албум содржел многу хитови. Истата година ја објавила првата видеокасета со нејзини музички спотови и веднаш потоа го добила првиот Оскар за популарност за хит на годината за нумерата „Симпатија“. Во средината на месец август 1990 година, таа го објавила својот последен албум со групата Јужни Ветар, И покрај тој успешен факт таа сепак мислела дека албумот не е доволно добар и затоа ја прекинала соработката со музичката група Јужни Ветар. Истата таа година Драгана Мирковиќ ја снимила својата прва емисија (шоу програма) наречена „Вечер со Драгана Мирковиќ“. Во таа емисија ја носи како гостинка југословенската ѕвезда Лепа Брена. Таа во својата емисија промовирала нови песни. За прв пат се обидела да пее и странска музика, Исто така таа го снимила хитот „Е, мој докторе“ во дует со групата Зана. Истата година, Мирковиќ го освоила вториот Оскар за популарност за пејач на годината.
Деведесеттите години Во деведесеттите години, Драгана се преселила најпрво во издавачката куќа на „ПГП-РТБ“ (денес „ПГП-РТС“), а потоа во издавачката куќа на „Зам“ каде што го снимила албумот „Ни доаѓаат подобри денови“. Таа во тој период го имала најпродаваниот албум на годишно ниво. Нумерите биле во фолк-рок и фолк-поп стил. Песната „Плачи земјо“од истоимениот албум, од 1995 година, била најпродаваната српска песна на бугарскиот музички пазар во историјата, а постојано се наоѓала помеѓу 200-те најпродавани на сите времиња.
Покрај Драгана Мирковиќ групата на Јужни ветар, ја напуштиле и Перица Здравковиќ и Сава Бојиќ, кои подоцна го формирале бендот наречен „Жар“. Заедно со групите „Жар“, „Фута“ и „Злаја“, Драгана објавила нов албум. Издавач на новиот албум била тогашната издавачка куќа на „ПГП РТБ“. Новиот албум на Драгана бил претставен со зборовите: „Таа има продадено повеќе од 2.000.000 музички плочи и касети. Во 1989 и 1990 година двапати по ред победила на Посел 202, најпопуларниот фолк настан и освоила два Оскари на Популарноста на РТВ Ревија. Музичката група на „Жар“ се потрудиле да го модернизираат новиот албум на Драгана во што донекаде и успеале, но, сепак пак се чувствувало влијанието на групата Јужни Ветар. Нумерата „Добра девојка“ што ѝ ја понудила авторката Марина Туцаковиќ не била сигурна дали да ја сними, затоа што и било чудно да пее песна за себе како е добра девојка, додека песната „Ти поклонувам љубов“ добила ремикс - верзија кој бил првиот ремикс во таа област на тие простори. Таа, исто така, многу внимавала на својот сценски настап, па набрзо започнала да соработува со танцовата група на Џогани Фантастико. Подоцна Драгана објавила видео касета со спотови и со тоа станала најактивната пејачка во однос на снимањето на нови спотови. Во 1992 година одржала концерт во Софија на стадионот Левски пред околу 55.000 луѓе.
По распадот на бендот „Жар“, наредната година, Драгана се вратила на сцената во нов револуционерен дух. Во 1992 година го снимила својот деветти студиски албум, кој бил прво издание за новата издавачка куќа на „ЗАМ“. Драгана тогаш изјавила дека за само два месеци касетата била продадена во повеќе од 150.000 примероци и дека на концертите од тој албум пеела дури 7 песни, што било голема реткост. Албумот бил неколку пати препечатен и бил продаден на териториите на поранешна Југославија, дијаспората, како и во државите Бугарија и Романија. Продажбата изнесувала над еден милион примероци, што на Драгана ѝ го давало епитетот за најголемата ѕвезда на територијата на поранешна Југославија, но и пошироко. Таа 1992 година одржала турнеја и во печатените медиуми објавила дека ќе има вкупно 10 концерти во главниот град. Во 1993 година таа го издала јубилејниот, десетти албум и симболично го именувала како „ бр.10“, посветувајќи го на својот менаџер Раки Ѓокиќ, кој починал на крајот на годината. Драгана одржала исклучително успешна турнеја низ поранешна Југославија со десет последователни концерти во Домот на синдикатите. Истата година, таа го добила Оскарот за популарност за десет години популаризација и модернизација на народната музика.