Вовед во анатомија () — американска телевизиска серија, која се емитува на телевизискиот канал, ABC. Серијата има започнато со емитување на 27 март 2005 година. Оттогаш осум сезони се емитувани, со тековната деветта сезона, започната на 27 септември 2012 година. Дејството се фокусира на група млади доктори, кои ја започнуваат својата медицинска обука како стажисти, напредувајќи во хирурзи, во фиктивната болница Сиетл Грејс (подоцна преименувана Сиетл Грејс-Мерси Вест) во Сиетл, Вашингтон, иако снимано во Лос Анџелес, Калифорнија.
Залагајќи се за расна различност во телевизиските серии, Шонда Рајмс, создавач и извршен продуцент на серијата обликува глумечка екипа сочинета од глумци со различна боја на кожа и физички изглед. Протагонистот на серијата е д-р Мередит Греј (Елен Помпео), оттпрвин стажист под раководство на д-р Миранда Бејли (Чандра Вилсон), заедно со Кристина Јанг (Сандра О), Џорџ О‘Мали (Т.Р. Најт), Изи Стивенс (Кетрин Хајгл) и Алекс Карев (Џастин Чејмберс). Веднаш по смртта на О‘Мали и заминувањето на Стивенс, во шестата сезона како нивна замена се воведени д-р Џексон Ејвери (Џеси Вилијамс) и д-р Ејприл Кепнер (Сара Дру). Останатиот дел од глумечкиот тим е составен од ликови, дел од персоналот на болницата, меѓу кои Дерек Шепард (Патрик Демпси), главен љубовен интерес на Мередит, како и неговата жена д-р Адисон Монтгомери (Кејт Волш), која на крајот од третата сезона преоѓа во своја нова серија насловена Приватна Пракса.
Вовед во анатомија се смета за феномен на популарната култура во Америка, привлекувајќи голема гледаност, престижни награди и критичка прифатеност. Првите три сезони се сметаат за најдобри од осум-годишното постоење, додека подоцнежните имаат негативно влијание на популарноста на серијата. По третата сезона, серијата е проследена од големи промени во глумечката екипа. Отпрвин глумецот Исаија Вашингтон, по вербални навреди на членови од тимот е отпуштен од серијата, проследен од глумците Т.Р. Најт и Кетрин Хајгл, предизвикувајќи незадоволство и пад на рејтингот, земајќи ја предвид популарноста на ликовите кои тие ги толкуваат. Истовремено, преодната серија Приватна Пракса, видео играта заснована на серијата и слични производи дел од Вовед од анатомија не ги исполнуваат очекувањата на продуцентите што дополнително придонесува до пад на сиот бренд.
Продукција Локации Дејството во серијата се случува во измислената болница Сиетл Грејс која се наоѓа во Сиетл. Освен во болницата некои настани се случуваат и во куќата на Мередит каде повеќето ликови живееат. Помал дел од настаните се случуваат и во становите и куќите на останатите ликови. Иако дејството на серијата се случува во Сиетл повеќето сцени се снимани во Лос Анџелес.
Поголемиот дел од сцените кои го вклучуваат екстериерот на болницата се снимани во студиата на подружникот на ABC, KOMO-TV. Местото од каде полетува хеликоптерот на болницата е снимано токму во овие студиа. Ентериерот на болницата и останатиот дел од екстериерот се снимани во една медицинска установа Кер центар која се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија. Куќата на Мередит е изградена сцена во студиата на АВС. Во втората и третата сезона можевме да го видиме и станот на Престон, кој исто така е изградена сцена како и станот на Кристина виден во неколку епизоди пред таа да се пресели во станот на Бурк. Во четвртата сезона кога Бурк повеќе не е во серијата Кристина повторно си купува стан кој е исто така изградена сцена.
Пред почетокот на петтата сезона имаше најави за изградба на нова сцена. Бидејќи во петтата сезона Мередит и Дерек конечно се заедно и нема повеќе пречки во нивната врска тие ќе решат да купат своја куќа која обожавателите ја нарекуваат The McHouse, име добиено според прекарот на Дерек McDreamy. Затоа имаше и најави дека во изградба е почната оваа фамозна куќа.
Издигнување до славноста Во 2005, ABC решава да ѝ даде шанса на оваа тогаш неславна серија. Тој на Вовед во анатомија решава да и го даде терминот по емитувањето на турнирот за рагби на 5 февруари 2006."'Anatomy' Lesson Follows on Super Bowl" Zap2It, 31 октомври 2005. Премиерата привлекла неверојатни 38.1 милиони гледачи. Вербата на телевизијата во оваа серија беше потврдена и тие решаваат да и го дадат терминот по Очајни Домаќинки што ја става серијата во ист термин со хит серијата на CBS Истрага на местото на злосторството. Ризикот бил огромен но на крај се покажал и повеќе од исплатлив, бидејќи самата премиера привлекла неверојатни 3 милиони гледачи повеќе од Истрага на местото на злосторството.
По премиерата оваа серија превлекувала сè повеќе гледачи. Во понатамошните сезони серијата прераснува во хит и се здобива со сè поголем број на награди од година на година. Третата сезона се покажа како најуспешна досега, но веќе четвртата го спушта рејтингот на серијата подолу. Рејтингот паѓа, наградите се намалуваат, но ова не ги спречи продуцентите на серијата да направат прекрасен пресврт во петтата сезона кој го качи рејтингот погоре.
Приватна пракса
На 21 февруари 2007, The Wall Street Journal изјави дека ABC размислувала за придружна серија на Вовед во анатомија со ликот Адисон Монтгомери како главен лик. На 3 мај 2007, двочасовна епизода од Вовед во анатомија послужи како воведна епизода за предложената серија. ABC официјално ја одбра Приватна пракса за есенската сезона во 2007 на 11 мај. Серијата ги емитуваше своите први девет епизоди за време есента во 2007 секоја среда навечер во 21 часот, со својата премиера на 26 септември 2007 на ABC.
Глумечка екипа и улоги
Ликовите во серијата во основа се медицински специјализанти и доктори кои на стажистите им служат како ментори во нивните приватни и професионални животи. Продуцентите на серијата користеле таканаречена „слепо-распоредувачка“ техника, која се резултирала во глумечка екипа со глумци од различни националности и раси. Сите улоги за Вовед во анатомија се бирани без пред тоа да се каже од која раса треба да е улогата, тоа всушност била визијата на создавачот, Шонда Рајмс.'Grey's Anatomy' Goes Colorblind, The New York Times, 8 мај 2005 Петте ликови кои служат како централната точка на серијата се: Мередит Греј (Елен Помпео), Алекс Карев (Џастин Чејмберс), Џорџ О‘Мали (Т. Р. Најт), Изи Стивенс (Кетрин Хајгл) и Кристина Јанг (Сандра О). Тие започнуваат како стажисти во Сиетл Грејс болницата, напредувајќи во специјализанти по нивната прва година во хируршката програма. Отпрвин тие се предводени од специјализантот Миранда Бејли (Чандра Вилсон), хирург по општа хирургија која подоцна станува и шеф на специјализантите, а потоа решава да се пријави и за педијатриска колегијалност. Хируршката програма е предводена од шефот на хирургија Ричард Вебер (Џејмс Пикенс Џуниор) кој ја познавал Мередит пред таа да се вработи во болницата, имајќи тајна љубовна врска со нејзината мајка кога Мередит била сè уште мала. Под служба на Вебер се хирурзите Дерек Шепард (Патрик Демпси) и Престон Бурк (Исаија Вашингтон), кои се глава на неврохирургија и кардиоторакална хирургија, соодветно. Дерек служи како главниот љубовен интерес на Мередит, додека Престон започнува врска со Кристина, која за жал завршува лошо, оставајќи ја пред олтарот. Вашингтон вушност е отфрлен од серијата поради хомосексуални навреди упатени кон својот колега Најт.
Ликови воведени во втората сезона се хирургот по неонатална хирургија, гинекологија и акушерство Адисон Монтгомери (Кејт Волш), хирургот по пластична хирургија Марк Слоун (Ерик Дејн), ортопедскиот хирург Кели Торес (Сара Рамирес) и кардиоторакалниот хирург Ерика Хан (Брук Смит). Адисон е поранешната жена на Дерек, која се враќа во Сиетл за да ја обнови нивната врска. Волш ја напушта серијата во третата сезона со тоа што се префрла во посебна преодна серија Приватна Пракса, но сепак одвреме-навреме се појавува и во Вовед во анатомија, но како гостин. Марк е поранешен најдобар пријател на Дерек, кој е виновен за распадот на врската помеѓу Дерек и Адисон, имајќи тајна врска со Адисон. Кели е воведена како љубовен интерес на Џорџ, со кој подоцна и се венча, но на крај се разведува. Ерика го заменува Престон како глава на кардиоторакална хирургија и започнува лезбејска врска со Кели, но набрзо заминува од серијата во петтата сезона.
Во третата сезона се запознаваме и со младата стажистка Лекси Греј (Чилер Ли), полусестра на Мередит. Набргу развива цврсто пријателство со Џорџ и започнува многу чудна и неразбирлива врска со него. По неколку неуспешни врски започнува сериозна врска со Марк. Втора стажистка, Седи Харис (Мелиса Џорџ) е воведена во петтата сезона, но откако Мелиса не успева да стане главна улога во серијата и по неколку навреди упатени кон сценаристите ја напушта серијата. Покрај Џорџ во петтата сезона се воведени и траума хирургот Оуен Хант (Кевин МекКид), кардиоторакалниот хирург Вирџинија Диксон (Мери МекДонел) и хиругот по педијатрија Аризона Робинс (Џесика Капшоу). Оуен започнува врска со Кристина, Ричард се обидува да ја убеди Вирџинија да ја замени Ерика како глава на кардиоторакална хирургија и Аризона Робинс станува нов љубовен интерес на Кели.
Отпуштања Исаија Вашингтон
Некаде во октомври 2006, токму кога започна третата сезона на оваа серија, глумците на серијата ги привлекоа медиумите кога глумецот Исаија Вашингтон наводно го нарекол Т.Р. Најт „педер“ за време на некоја расправија со Патрик Демпси. По многу шпекулации за тоа дали навистина Најт е хомосексуалец тој излегува во јавноста и признава на сите медиуми дека всушност е хомосексуалец. Иако Вашингтон одрекува дека го искористил тој збор, тој пред цела јавност се извини за тоа што користел „непримерни зборови“.
Овој неспоразум продолжува за време на 64 Доделување Златен глобус, откако серијата се здоби со награда за најдобра серија, глумечката екипа отиде во медиумската соба да одговорат на некои прашања на новинарите. Додека Шонда Рајмс беше прашувана прашања поврзани со инцидентот, Вашинготон сосем неочекувано се исфрлува пред Шонда и го зема микрофонт и изјавува: “Не, не сум го нарекол Т.Р. педер.“ (Hollywood Foreign Press Association ја стави снимката на нивното мрежно место .)
По ова, во едно интервју со Access Hollywood, Кетрин Хајгл го критизира Вашингтон за тоа дека го искористил моментот во новинарската соба да каже лага и вели „тој едноставно не треба да зборува во јавноста. Точка.“ Подоцна таа недела, Најт се појавува на Елен Диженерес' шоуто и тој исто како и другите потврдува дека тој и останатите го слушнале Вашингтон како ја кажува истата лага и во октомври.
Gay & Lesbian Alliance Against Defamation го повикаа Вашингтон јавно да се извини.Grey’s Stars Still Seeing Red over Slur, 17 јануари 2007, eonline.com Извршителите на телевизијата решија да го натераат Вашингтон да се преиспита себеси, кој се согласил со нив и излегува во јавноста со изјавата: „Не можам ни да го оправдувам ни да го објаснам моето однесување... и исто така морам да престанам да си одрекувам на самиот себе дека имам проблеми кои дефинитивно треба да ги преиспитам со мојата душа и затоа побарав помош.“ Во обид да потврди дека не е лага, Вашингтон се пријавил во специјална установа да се преиспита себеси поради инцидентот со навредата.
Покрај се, на 7 јуни 2007, ABC најавија дека нема да го обноват договорот со Вашингтон и дека тој ќе биде отпуштен од серијата. Реакцијата и одговорот на Вашингтон во една изјава беше: „Премногу сум изнервиран, премногу и нема веќе да го трпам ова“ Тој исто така кажа нешто и за расправијата: „Морам да си го исчистам името. Ќе почнам од почеток. Ќе кажам се. Затоа еве ја вистината... го употребив зборот за време на едно несогласување со Патрик Демпси, но потоа се извинив за тоа, се ракувавме и потоа се вративме на работа како ништо да не било“. Тој исто така изјави дека Најт бил тој што зборот и целата ситуација ја свртел како тој да е нападнат, со надеж дека ќе му ја зголемат платата и улогата. Вашингтон исто така рече дека планира да преземе и легални мерки и дека Патрик Демпси ќе го подржи во сè што е изјавено во неговата последна изјава.