Брана Илиќ (роден на 16 февруари 1985 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач. Моментално настапува за составот на Железничар од Панчево.

Клупска кариера

Земун и Рад Илиќ своите први сениорски настапи ги имал со екипата на Земун кој се натпреварувал во Првата лига на Србија и Црна Гора 2003/4. Тој брзо се наметнал како редовен играч во првиот тим, постигнувајќи четири гола на вкупно 23 натпревари. За време на неговиот престој во екипата на Земун, Илиќ одиграл вкупно 93 првенствени натпревари и постигнал 14 гола.

Во зимскиот преоден рок во 2007 година, Илиќ се преселил во клубот од првата лига на Србија, во составот на Рад, каде ги поминал следните две години. Тој му помогнал на клубот да се квалификува во српската Суперлига во 2008 година.

Партизан и Војводина На 9 јануари 2009 година, било објавено дека Брана Илиќ потпишал три и пол годишен договор со составот на Партизан. Својот прв натпревар за клубот на Партизан го имал на 14 март, влегувајќи како замена во второто полувреме за играчот Ламин Диара. На тој натпревар екипата на Партизан победила со резултато од 2:0 против составот на Чукарички. Четири дена подоцна, на неговиот втор настап за екипата на Партизан, Илиќ го постигнал својот прв гол за клубот, со што неговиот тим победил со резултат од 1:0 на гостински терен против составот на Јагодина.

На 1 јули 2010 година, било објавено дека Брана Илиќ потпишал договор на една плус една година со составот на Војводина. Тој одиграл 44 настапи во сите натпреварувања и постигнал 15 голови за клубот, пред да го напушти Нови Сад во зимскиот преоден рок во 2012 година.

Казахстан, Грција и Унгарија Во март 2012 година, Брана Илиќ се преселил во странство во Казахстан и потпишал со екипата на Актобе. Тој одиграл 10 натпревари и постигнал три гола во првата половина од Казахстанската Премиер лига во 2012 година. Во летниот преоден рок го напуштил клубот.

Во летото 2012 година, Брана Илиќ се приклучил на Суперлигашкиот грчки тим ПАС Џанина. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 25 август, играјќи цели 90 минути во нерешениот резултат од 0:0 од домашната лига против составот на Платанијас. На 7 октомври, Илиќ го постигнал својот прв гол за составот на ПАС Џанина во поразот на домашен терен со резултат од 1:2 од екипата на Паниониос. Својата прва сезона ја завршил како најдобар стрелец на клубот со 11 гола (10 во лигата). За време на неговиот четиригодишен претстој во екипата на ПАС Џанина, Илиќ одиграл вкупно 138 натпревари и постигнал 28 гола за клубот.

На 2 август 2016 година, Илиќ потпишал двегодишен договор со клубот од Грчката фудбалска лига, составот на Арис од Солун. Договорот бил со клаузула од една година плус. Својот прв гол за тимот го постигнал на 18 декември во победата од 3:2 над тимот на Трикала. На крајот од сезоната Брана Илиќ го напуштил Арис од Солун по само една сезона.

По пет години минати во Грција, Илиќ во јули 2017 година се преселил да игра во Унгарија и му се приклучил на клубот од лигата Немзети Бајноксаг II (втора лига на Унгарија) во составот на Кисварда. Тој му помогнал на тимот да се квалификува во Немзети Бајноксаг I лигата (прва лига на Украина) во неговата прва сезона, придонесувајќи со 10 гола во вкупно 35 настапи.

Репрезентација На 18 март 2011 година, Илиќ го добил својот прв повик во репрезентацијата на Србија за квалификациите за УЕФА ЕВРО 2012 против селекциите на Северна Ирска и Естонија, но ниту на двата натпревари не влегол во игра. Сепак својот прв натпревар го одиграл на 3 јуни 2011 година на пријателски натпревар против репрезентацијта на Јужна Кореја.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Одиграни натпревари во различни клубови и во различни натпреварувачки сезони КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЗемун2003–04Прва лига на Србија и Црна Гора23420——2542004–05Прва лига на Србија и Црна Гора28710——2972005–06Прва лига на Србија и Црна Гора27220——2922006–07Српска Суперлига15110——161Вкупно931460——9914Рад2006–07Српска прва лига16900—201892007–08Српска прва лига29610—423482008–09Српска Суперлига14120——161Вкупно591630—626818Партизан2008–09Српска Суперлига1122000—1322009–10Српска Суперлига2232093—336Вкупно3354093—468Војводина2010–11Српска Суперлига22640——2662011–12Српска Суперлига1373121—189Вкупно35137121—4415Актобе2012Казахстанска Премиер Лига1030000—103ПАС Јанина2012–13Супер лига На Грција351041——39112013–14Супер лига на Грција34520——3652014–15Супер лига На Грција31721——3382015–16Супер лига На Грција27430——304Вкупно12726112——13828Арис Солун2016–17Фудбалска лига на Грција31800——318Кисварда2017–18Немзети Бајноксаг II351020——37102018–19Немзети Бајноксаг I30452——356Вкупно651472——7216Инѓија2019–20Српска Суперлига26310——2732020–21Српска Суперлига23000——230Вкупно49310——503Вкупно во кариерата50210239511462558113

Меѓународни натпревари +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Натпревари Голови Србија 2011 година 1 0 Вкупно 1 0

Признанија

Партизан Освоена е Српската Суперлига: 2008–09, 2009–10 Освоен е Купот на Србија: 2008–09

Наводи

Надворешни врски MLSZ профил

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан