Куќа на Тренчови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.
Историја Куќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 5. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Чокалови (бр. 7) и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.
Во Куќата на Тренчови се снимани сцени од неколку филмови, меѓу кои и „Мис Стон“ од 1958 г.
Архитектура Поради особеностите на теренот, куќата има тесна фасада кон улицата. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и првиот кат се изградени од камен и се пониски, додека пак вториот кат е од бондручна градба и е еркерно испуштен. На него има големи прозорци, опшивен венец и други украси.
Поврзано Варналии Прцорек
Наводи
Надворешни врски
Тренчови Категорија:Знаменитости во Велес Тренчови