Југословенка е српска историска теленовела создадена од Роман Мајетиќ. Претставува наследник на серијата Црвена месечина. Премиерата била прикажана есента 2020 година на Пинк каналот.
Роман Мајетиќ потврдил дека серијата наместо 140 ќе има само 60 епизоди, а понатамошното снимање е прекинато поради лошата гледаност на проектот.
Останатите епизоди кои не се прикажуваат на ТВ се достапни за сите претплатници преку платформата Аполон.
Синопсис Приказната започнува во најтемниот момент од 1916 година кога земјата била окупирана со војската на Крф. Дејствието ги следи историските настани до 1921 година и смртта на кралот Петар, значи Големата војна, ослободувањето на земјата, создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно Кралството Југославија: периодот во кој настанува она што владее и денес - корупција, скриени игри, лаги.
Во центарот на заплетот се две семејства и нивните љубовни приказни. Се среќаваме со старото белградско семејство Павловиќ, кое е изданок на минатото и кое не се снаоѓа во новото време, како и со семејството Ристиќ, кое е типичен претставник на „новата доба“.
Софија Бауман како еден од главните ликови, е врската што ги поврзува. Постојат паралелни приказни на Крф и во Париз, каде што повеќето од двете семејства биле за време на Првата светска војна. Додека ја следиме приказната за младите ликови, дознаваме детали од младоста од генерацијата на нивните родители. По ослободувањето на земјата, хероите ќе се обединат во Белград и ќе видат дека историјата се повторува. Сето она што родителите го доживувале во младоста, сега на поинаков начин го спознацаат младите.
Улоги ГлумецУлогаЈована МиловановиќКосанаДушан МатејиќВук ПавловиќИвана ДудиќСофија БауманМихајло ЈовановиќАлександар I КараѓорѓевиќЈана Милиќ ИлиќМилица РистиќДраган ВујиќДимитрије РистиќСтефан РадоњиќСтефан РистиќТамара ШустиќЈелена РистиќБорис КомнениќНемања ПавловиќБранка ПујиќИрина ПавловиќПетар ЧиритовиќЛепомир ИвковиќНикола ПашиќНина ГраховацМарија БауманДушан КаличанинМајор ВуловиќЗоран ПајиќКапетан МаркоЖарко СтепановПолковник ЖивковиќАнка Гачеша КостиќРадмила СтаменковиќСлавиша ЧуровиќДрагутин Димитријевиќ АписВерољуб ЈефтиќПолковник ДуњиќДаниел КовачевиќЈован ПетровиќМиодраг МиловановПетар I КараѓорѓевиќАнита СтојадиновиќМаријаАндреј ПиповиќРада ПашиќМитра МладеновиќЃорѓе ДрагичевиќБранко ЃуриќБошко ПулетиќЖивојин МишиќАлександар ЛазиќАлександар КојиќНикола ЏамиќУрош МилојевиќЈованка АндриќРадомир МиљаниќАндреја МаричиќШтурмДанијел СичНикола МијатовиќМарко РадојевиќАлександар СтевановиќСенад МилановиќПредраг КотурНикола РафаиловиќЃорѓе ЕрчевиќДрагана ЈовановиќНенад ПагонисМилена ЈакшиќНенад ЧириќЃорѓе БубањаБранислав ПлатишаНемања ИвковиќАлекса РаичевиќМатеја ПоповиќТамара РадовановиќБојан МарковиќМилан ПајиќДоминик ЧичакСтефан КовачевиќПредраг КоларевиќАлександар ВолиќВесна СтанковиќМладен МилојковиќДејан СтојаковиќНикола МарковиќМарко ВетиќМарко Марковиќ
Наводи
Категорија:Српски телевизиски серии