Куќа на Канчески — куќа во градот Гостивар, прогласена за културно наследство на Македонија.
Историја Зградата била прогласена за културно наследство врз основа на УП бр. 18-69 од 16 април 2015 година.
Архитектура и особености Сместена е во западниот дел на градот, на ул. „Слободан Пепоски“ бр. 1. Куќата е повлечена од улицата, со голем двор и оградена со големи станбени згради од понова градба. Има правоаголна основа и се состои од сутерен, прв кат, втор кат и мансарда, завршена од керамиден покрив на четири води. Сутеренот е од камен, двата ката се изградени од тули, а мансардата е бондручна. На влезот има симетрично поставени бетонски столбови со трем. кои продолжуваат и на парапетниот балкон на горниот кат и досегаат до мансардата. Над балконот е издадениот дел на мансардата, а над него на нивото на покривот стои полукуружен украсен завршеток со годината на изградба „1930“ и монограм. Предната фасада има хармоничен ритам на отворите. Околу прозорците на првите два ката има украсни елементи.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гостивар
Наводи
Канчески Категорија:Знаменитости во Гостивар Категорија:Македонската архитектура во 1930 година