Умар Садик (роден на 2 февруари 1997 година, во Кадуна) — нигериски фудбалер, на и на нигериската репрезентација.
Клупска кариера Почетоци Садик започнал да се занимава со фудбал во родната Нигерија, од каде како играч на Фудбал Колеџ Абуџа во 2013 година дошол на младинскиот турнир „Кварнерска ривиера“, во Ријека. Неговиот клуб го освоил тој турнир, а Садик бил најдобар стрелец.
Набргу потоа тој добил повик од италијанскиот фудбалски клуб Специја, кои потпишале договор со него во ко-сопственост со Лавањезе, екипа од Серија Д, каде ја поминал првата година од договорот. Следната година, тој се вратил во Специја, каде и покрај тоа што никогаш не дебитирал за првиот тим, тој бил најдобар стрелец во Кампионато Примавера 2014-2015 со 26 гола.
Рома и разни позајмици Во летото 2015 година, Садик стигнал на едногодишна позајмица во Рома. Во првите четири натпревари во младинските категории на Римската волчица постигнал дури осум голови и забележал уште три асистенции. Тие игри набргу му донеле повик за првиот тим на Рома, за кој дебитирал на гостувањето кај Болоња во натпревар од Серија А на 21 ноември 2015, заменувајќи го Хуан Итурбе во 88-мата минута. За време на сезоната 2015-2016, одиграл шест натпревари во првенството и постигнал два гола. Својот прв гол во професионалната кариера го постигнал на 20 декември 2015, во победата на џалоросите со 2-0 над Џенова на Олимпико. На тој натпревар, Садик влегол во игра во 82-рата минута на местото на Мохамед Салах, а веќе во 89-тата минута го постигнал вториот гол за Рома во натпреварот. Вториот гол го постигнал веќе во следното коло кога Рома му гостувала на Кјево; тој го започнал натпреварот во почетниот состав и веќе во седмата минута го постигнал првиот гол во натпреварот кој завршил нерешено 3-3. По завршувањето на сезоната, во јуни 2016 година, тој потпишал четиригодишен договор со Рома.
Откако Рома го обезбедила неговиот потпис, решила да го позајми Садик со цел играчот да стекне повеќе искуство. Сепак, набргу тој ќе стане играч кој ќе оди од една на друга позајмица и никогаш повторно нема да се врати во Рома. Во августу 2016, тој отишил на едносезонска позајмица во Болоња. Во дресот на оваа екипа за време на сезоната 2016-2017, одиграл седум натпревари во Серија A, без постигнат гол. Во август 2017, тој бил проследен на нова позајмица во истата лига, во екипата на Торино, каде после првиот дел од сезоната одиграл само три натпревари. Поради слабата минутажа неговата позајмица во Пиемонт била прекината и во јануари 2018, тој отишол на нова, овојпат во холандскиот прволигаш НАК Бреда. На 17 февруари 2018, тој го постигнал првиот гол во дресот на Бреда во поразот со 1-3 од Аз Алкмар. Во вториот дел од сезоната 2017-2018, тој забележал 12 настапи за Бреда и постигнал вкупно пет голови, помагајќи му на клубот да го избегне испаѓањето.
Во јули 2018, започнала неговата четврта позајмица по договорот на Рома со шкотскиот Ренџерс. Под водството на поранешната ѕвезда на Ливерпул и англиската репрезентација, Стивен Џерард, Садик не успеал да се избори за место играјќи многу малку па шкотското искуство за него траело само шест месеци (со само четири настапи), исто така благодарение и на малтретирањето што таму го добил од нигериецот, кој како одговорни за „понижувањата“ ги посочил управата и токму тренерот Џерард.
Во јануари 2019, Садик се вратил во Италија, приклучувајќи му се на позајмица на второлигашот, Перуџа. Дебитирал на 19 јануари во поразот на домашен терен од Бреша. Сезоната во Перуџа ја завршил (играл само во вториот дел од сезоната 2018-2019) со 18 настапи и 3 гола во Серија Б.
Партизан и Алмерија Во јули 2019 година, Садик му се приклучил на белградски Партизан на позајмица до крајот на сезоната 2019-2020, што ќе биде последен пат за него да биде пратен на позајмица во друг клуб како играч на Рома. За време на договорот за позајмица била договорена и опција за откуп на играчот по истекот на периодот на заем. Дебитирал за црно-белите во победата со 1–0 нагости против Инѓија во српското првенство на 21 јули. Кон крајот на јануари 2020, Партизан го откупил Садик за сума од 1,75 милиони евра, а исто така била вметната и клаузула според која на Рома ќе и припаднат и 10 проценти од наредниот трансфер. Својата прва сезона во Србија ја завршил со 24 настапи и 12 голови во дресот на Партизан. Следната година тој игра во уште подобра форма постигнувајќи 6 голови во првите 10 натпревари за Партизан пред да го напушти клубот во октомври 2020 година.
На 5 октомври 2020, Садик потпишал петгодишен договор со шпанскиот второлигаш Алмерија. На 3 јануари 2021 година, тој го реализирал својот прв хет-трик во кариерата во натпреаварот против Понферадина (3-1), постигнувајќи ги сите три гола во првите 30 минути од првото полувреме од натпреварот. Садик постигнал 20 гола за Алмерија во сезоната во која екипата завршила на третото место, и играле во плејофот за промоција на Сегунда Дивисион. Сепак, на 5 јуни, по поразот со 3-0 од Жирона, Алмерија ремизирала со истиот противник во реваншот, со што ја напуштила трката за промоција во Примера Дивисион.
Реал Сосиедад На 1 септември 2022 година, Садик потпишал шестгодишен договор со екипата на Реал Сосиедад.
Репрезентативна кариера Во јули 2016 година, Садик бил избран во Олимписката репрезентација на Нигерија во составот од 18 играчи за Летните олимписки игри 2016. Тој се појавил на сите шест натпревари на неговиот тим и постигнал четири гола на турнирот, вклучително и два гола во победата во натпреварот за третото место над Хондурас.
На 12 март 2021 година, го добил својот прв повик во сениорската репрезентација.
Во декември 2021, тој бил повикан во составот за Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун. Во првото коло на турнирот против , го направил своето деби за Super Eagles.
Хронологија на репрезентативните настапи Сениорска репрезентација
Олимписка репрезентација
Наводи
Надворешни врски
Умар Садик на soccerway Умар Садик на transfermarkt Умар Садик на tuttocalciatori Умар Садик на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на НАК Бреда Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Алмерија Категорија:Фудбалери на ФК Реал Сосиедад Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Родени во 1997 година