мини|Покраини на Кралството Срби, Хрвати и Словенци (1920-1922). Јужна Србија ― покраина на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, која постоела помеѓу 1919 и 1922 година. Покраината Јужна Србија опфаќала територии во денешна јужна и југозападна Србија, мал дел од Црна Гора), Косово и Македонија. Поимот „Стара Србија“, историски бил користен во српската политика, книжевност и наука за териториите на покраината. Поимот продолжил да биде користен за подоцнежните административни единици Вардарска Бановина и Зетска Бановина по нејзиното укинување.
Историја Покраината била основана во 1919 година, по создавањето на Кралството СХС на 1 декември 1918 година. Србија во голема мера ги проширила своите граници за време на Балканските војни. Покраината била укината во 1922 година и нејзините територии биле преорганизирани во 8 области. Поимот тогаш разговорично бил користен за тие територии.
Економија мини|10 акции во сребро издадена од Земјоделската банка на Јужна Србија за Македонија, Кралство Југославија. Покраината Јужна Србија, како претежно планински регион, имала поволни услови за развој на сточарството како што е илустрирано со статистиката за зголемување на бројот на добиток. Бројот на добиток надмина 13% од вкупниот број на цела Југославија. Обновувањето на сточарството, кое било уништено во воените години, била главна цел на Министерството за економија.
Демографија Во 1921 година, покраината имала 1,7 милиони жители. По Првата светска војна, во вардарскиот дел на Македонија, и таканаречените Западни покраини, месното македонско население не било признавано како посебна народност, и заедно со Бугарите, и станало предмет на државната политика на србизација.Poulton, Hugh (2003). "Macedonians and Albanians as Yugoslavs". In Djokić, Dejan (ed.). Yugoslavism: Histories of a Failed Idea, 1918–1992. C. Hurst & Co. Publishers. p. 123. .Papavizas, George C. (2015). Claiming Macedonia: The Struggle for the Heritage, Territory and Name of the Historic Hellenic Land, 1862-2004. McFarland. pp. 92-93, .
Наводи
Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Косово Категорија:Држави и територии настанати во 1919 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1922 година Категорија:Вардарска Македонија