Нолан Дерек Смит (роден на 25 јули 1988 година) е американски поранешен кошаркар, кој играл на позицијата плејмејкер. Моментално работи како асистент тренер во Дјук Блу Девилс.
Како студент на Универзитетот во Дјук, Смит играл колеџ-кошарка четири години за Дјук Блу Девилс. Како јуниор, тој го започнал во почетната постава финалето на државното првенство, во кое Дјук остварил победа. Во неговата сениорска година, тој бил избран во првиот тим на американците како и за играч на годината во Atlantic Coast конференцијата.
Тој бил драфтуван на НБА драфтот во 2011 година, каде бил избран како 21-ви пик од Портланд Трејлблејзерс.
Биографија Нолан е син на поранешниот НБА кошаркар, Дерек Смит. Како дете, тој често присуствувал на тренинзите на Вашингтон Булетс каде татко му работел како помошник тренер. По изненадувачката смрт на неговиот татко во 1996 година, Булетс го направиле Нолан чест гостин на нивните домашни натпревари.
Кариера Портланд Трејлблејзерс Смит бил избран како 21-ви пик на НБА драфтот 2011 од страна на Портланд Трејлблејзерс. На 9 декември 2011 година, тој го потпишал својот руки договор со клубот. Како дебитант тој одиграл 44 натпревари (четири старта) и имал просек од 3,8 поени, 1,4 асистенции и 1,3 скока за 12,3 минути по натпревар.
Во јули 2012 година, Смит се приклучил на тимот на Трејлблејзерс за НБА Летната лига 2012, но успеал да се појави само на два натпревари откако поради повреда морал да го пропушти остатокот од натпреварувањето бидејќи на 17 јули добил удар со лакт во главата од играчот на Хјустон Рокетс, Зоран Драгиќ, додека бил залетан на влез кон кошот. Тој бил изведен на носилки и натпреварот бил прекинат на 27 секунди до крајот. Подоцна истиот ден, откако тестовите биле нормални, тој бил пуштен од болницата во Лас Вегас.
На 6 јануари 2013 година, Смит се приклучил на Ајдахо Стампид во НБА развојната лига. На 9 јануари, тој бил отповикан од Трејлблејзерс откако се натпреварувал во двата натпревари на Ајдахо во НБА Д-лигата во 2013 година во Рено. Тој имал просек од 22,5 поени, 5,5 скока, 5,5 асистенции и 1,0 украдена топка за 38,0 минути по натпревар, а бил прогласен за почесно споменување на Showcase. Својата софмор сезона ја завршил со просеци од 2,8 поени, 0,7 скока и 0,9 асистенции во 40 натпревари.
Цедевита Во јули 2013 година, Смит се приклучил на Бостон Селтикс за НБА Летната лига 2013 каде одиграл само еден натпревар и постигнал четири поени.
На 18 август 2013 година, Смит потпишал едногодишен договор со Цедевита Загреб. Во првото коло од АБА лигата, тој постигнал 21 поен во победата со 72-62 на гостувањето кај Мега Визура.
Неговиот највпечатлив момент со Цедевита бил во полуфиналето на плејофот на АБА лигата, кога Цедевита во Белград го победила Партизан со 81-79 со тројката на Смит со звукот на сирената.www.24sata.hr, "Nolan Smith sa zvukom sirene zabio tricu za hrvatski finale!", објавено 25 април 2014, пристапено 30 април 2014. Во завршницата од тој натпревар се играло кош за кош, а Партизан речиси на самиот крај имал „половина“ кош предност и напад. Откако црно-белите не го искористиле својот напад, Смит ја повлекол топката од својот кош и погодил тројка од осум метри со звукот на сирената за победа на Цедевита. Иако се чинело дека тројката од прва ќе влезе, сепак топката почнала да се "предомислува" и да кружи, но сепак минала низ мрежата. Со тоа било обезбедено хрватското финале во Белград, бидејќи Цибона претходно ја исфрлила Црвена Ѕвезда. Цибона и Цедевита изборија пласман во Евролигата, а од неа ги исфрлиле српските клубови. Партизан поради поразот од Цедевита по 12 години нема да игра во Евролигата. Сепак, во финалето неговата Цедевита загубила од Цибона.
Галатасарај Во јули 2014 година, Смит се приклучил на Оклахома Сити Тандер за НБА Летната лига 2014 каде имал просек од 4,6 поени, 1,4 скока и 2,0 асистенции во пет натпревари.
На 29 август 2014 година, Смит потпишал едногодишен договор со Галатасарај. На 19 октомври 2014 година, во натпреварот турското првенство против Банвит, тој фрлил пешкир на паркетот откако бил заменет, по што главниот тренер Ергин Атаман го избркал од арената. Тој подоцна се извинил за овој инцидент. Сепак, само осум дена подоцна тој бил отпуштен од Галатасарај на 27 октомври 2014 година.
Делавер 87ерс (2014–2015) На 26 ноември 2014 година, Смит потпишал за Делавер 87ерс, клуб од НБА развојната лига филијала на Филаделфија Севентисиксерс. На 15 јануари 2015 година, тој бил отпуштен од 87-ките.
Титули и награди Дјук Блу Девилс NCAA шампион : 1 2010
Хрватско првенство : 1 2013-2014
Наводи
Надворешни врски Nolan Smith at euroleague.net Nolan Smith at nbadleague.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски кошаркари Категорија:Играчи на Портланд Трејлблејзерс Категорија:Играчи на КК Цедевита Загреб Категорија:Играчи на КК Галатасарај Категорија:Родени во 1988 година