Ненад Миросављевиќ (српска кирилица: Ненад Миросављевић; роден на 4 септември 1977 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата како напаѓач.
Миросављевиќ постигнал над 100 голови во државното првенство на Србија (и нејзините претходнички), претставувајќи пет различни клубови, особено клубот на Смедерево (поранешен Сартид). Ненад настапувал и во странство и тоа за два шпански и два кипарски клуба. Со екипата на АПОЕЛ настапувал во Лигата на шампионите на УЕФА.
Клупска кариера
Почетните години Миросављевиќ својот прв натпревар го имал во екипата на Пролетер од Зрењанин во сезоната 1996–97. Во тимот бил заедно со идните репрезентативци Владимир Ивиќ и Звонимир Вукиќ. Тој постигнал пет гола во 19 лигашки натпревари во неговата прва сезона. Тимот во 1997 година обезбедил место во Купот на УЕФА Интертото. За време на неговиот престој во клубот, Миросављевиќ одиграл вкупно 102 првенствени натпревари и при тоа постигнал 27 гола.
Сартид Смедерево Во септември 2000 година, Миросављевиќ преминал во составот на Сартид од Смедерево. Во таа сезона одиграл 25 натпревари во лигата, постигнувајќи 15 гола за новиот клуб. Тој постигнал исто толку голови во лигата и во сезоната 2001-02, помагајќи му на клубот да заврши на третото место во државното првенство. Во септември 2002 година, во првото коло на Купот на УЕФА, Миросављевиќ го постигнал својот прв гол против екипата на Ипсвич Таун. Тоа се случило во првиот натпревар, кој завршил нерешено со резултат од 1:1 на стадионот Портман Роуд. Сепак, екипата на Сартид била елиминирана по поразот од 1:0 на домашен терен. Миросављевиќ, му помогнал на клубот да го освои Купот на Србија и Црна Гора во 2003 година. Тој останал во Смедерево за време на Купот на УЕФА Интертото во 2004 година, постигнувајќи седум гола на четири натпревари. Подоцна за прв пат се преселил во странство. Во својот четиригодишен ангажман со популарните Оклопници, од Смедерево Миросављевиќ одиграл вкупно 118 лигашки натпревари и при тоа постигнал дури 59 голови.
Кадис Во август 2004 година, Миросављевиќ се префрлил во шпанскиот клуб Кадис. Тој поминал две сезони во екипата на Кадис, одигрувајќи 37 лигашки натпревари и постигнувајќи осум гола. Во неговата втора сезона, додека клубот играл во првата лига, Миросављевиќ постигнал гол против екипата на Барселона во поразот на неговиот тим од 3:1.
Партизан На 1 август 2006 година, било објавено дека Миросављевиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан. Тој го добил дресот со број 30. За прв пат настапил за новиот клуб на 19 август 2006 година во победата од 2:0 во домашната лига над екипата на Банат од Зрењанин. Миросављевиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Партизан во групната фаза на Купот на УЕФА против екипата на Ливорно. Тоа се случило на 2 ноември 2006 година, кога натпреварот завршил нерешено со резултат од 1:1. Тој го постигнал својот прв лигашки гол за клубот на Партизан на 18 ноември 2006 година во победата од 2:1 на гостински терен над составот на Банат од Зрењанин.
Во јануари 2007 година, Миросављевиќ обезбеди статус како позајмен играч во шпанскиот клуб на Весиндарио. Својот прв натпревар за Весиндарио го имал на 28 јануари 2007 година против неговиот поранешен клуб Кадис. До крајот на сезоната 2006–07, Миросављевиќ одиграл 19 првенствени натпревари и постигнал три гола за составот на Весиндарио. Сепак клубот на крајот на сезоната не успеал да избегне испаѓање во понизок ранг
Враќање во Смедерево Подоцна Миросављевиќ имал скромен и краток период во неговиот поранешен клуб Смедерево, постигнувајќи четири гола во 12 лигашки натпревари. Постигнал гол на 26 септември 2007 година во победата од 3:0 во Купот на Србија над екипата на Нови Пазар.
АПОЕЛ На 2 јануари 2008 година, Миросављевиќ се преселил на Кипар и потпишал 18-месечен договор со екипата на АПОЕЛ. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 12 јануари 2008 во лигата против екипата на АПОП Кинирас. Неговите први два гола за составот на АПОЕЛ биле постигнати на 30 јануари 2008 година во куп натпревар против составот на Арис од Лимасол. Во декември 2008 година, Миросављевиќ го продолжил договорот до крајот на сезоната 2010-11.
Со неговите три гола, Миросављевиќ му помогнал на составот на АПОЕЛ да се квалификува во Лигата на шампионите на УЕФА 2009–10. Во групната фаза одиграл пет натпревари и постигнал два гола. На 25 ноември 2009 година Миросављевиќ го постигнал воведниот гол во нерешениот натпревар од 1:1 на домашен терен против екипата на Атлетико од Мадрид. Две седмици подоцна, на 8 декември 2009 година, Миросављевиќ влегол од клупата и постигнал израмнувачки гол за составот на АПОЕЛ во нерешениот натпревар од 2:2 со екипата на Челзи на стадионот Стемфорд Бриџ.
Во март 2010 година, Миросављевиќ доживеал повреда на Ахиловата тетива, поради што го пропуштил остатокот од сезоната 2009-10. По неколку месеци закрепнување, тој се вратил на теренот во ноември 2010 година, одигрувајќи 10 натпревари до крајот на сезоната 2010-11, без да постигне гол. Во мај 2011 година, Миросављевиќ го напуштил клубот на АПОЕЛ по три години и половина минати во него. Причината била тоа што екипата на АПОЕЛ не сакала да го продолжи договорот со него. Во едно интервју во 2012 година Миросављевиќ изјавил дека неговото време минато во екипата на АПОЕЛ бил најславниот дел од неговата кариера.
Подоцнежни години Во јули 2011 година, откако му истекол договорот со екипата на АПОЕЛ, Миросављевиќ се согласил на едногодишен договор со кипарскиот прволигаш екипата на Олимпијакос од Никозија. Тој го одиграл својот завршен-проштален натпревар за Олимпијакос на 28 јануари 2012 година, со што го напуштил Кипар по четири години за да се врати во родната Србија.
На 1 февруари 2012 година, Миросављевиќ потпишал 18-месечен договор со екипата на Напредак од Крушевац и веднаш бил именуван за капитен на тимот. Тој постигнал гол од пенал на својот прв натпревар за клубот во победата од 3:0 на домашен терен над составот на Раднички од Сомбор Во сезоната 2012-13, Миросављевиќ го предводел клубот на Напредак до промоција во највисоката лига на Србија.
За време на зимскиот преоден рок 2014 година, Миросављевиќ се преселил во составот на Чукарички, бележејќи 12 натпревари во лигата и постигнувајќи пет гола до крајот на сезоната 2013-2014. Тој му помогнал на својот клуб да го освои својот прв голем трофеј со освојување на Купот на Србија 2014-15. По завршувањето на сезоната 2015-16, Миросављевиќ се повлекол од професионалниот фудбал.
Репрезентација Миросављевиќ во септември 2002 година настапувал за репрезентацијата од Б тимот на СР Југославија во пријателски натпревар против репрезентацијата на Чешка до 21 година.
Кариерата по професиналниот фудбал Веднаш по завршувањето на игрите, Миросављевиќ бил именуван за потпретседател на клубот на Чукарички. Тој во одреден период и тоа во два наврати бил и привремен тренер на првиот тим, во септември 2016 и во мај 2018 година.
Статистика КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариСупер КупВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПролетер од Зрењанин1996–97195——1951997–9829340—3331998–99194——1941999–003515——3515Сартид од Смедерево2000–01251510——26152001–0230153340—37182002–0333154342—41202003–0429142242—35182004–05100047—57Кадис2004–0525520——2752005–0612362——185Партизан2006–071010051—152Весиндарио (како позајмен играч)2006–0719300——193Смедерево2007–0812421——145АПОЕЛ2007–081427400002162008–0925841521035112009–102311351151038212010–11100000000100Олимпијакос од Никозија2011–1218310——193Напредак од Крушевац2011–12161100——16112012–13301800——30182013–1414621——167Чукарички2013–1412500——1252014–152535231—3362015–162432230—295Вкупно во кариерата5091724426472020602218
Признанија
Сартид од Смедерево Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2002–03
Кадис Освоена е Сегунда дивизион: 2004–05 (втората шпанска лига)
АПОЕЛ Освоена е Кипарска прва дивизија: 2008–09, 2010–11 Освоен е Кипарскиот национален куп: 2007–08 Освоен е Кипарски Суперкуп: 2008, 2009 година
Напредак Крушевац Освоена е Српската прва лига: 2012–13
Чукарички Освоен е Купот на Србија: 2014–15
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Српски фудбалери Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Никозија Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК АПОЕЛ