Савско Езеро — микроакумулација која се наоѓа внатре во урбаната целина на градот Белград кај Ада Циганлија. Од центарот на Белград е оддалечено 4 км. Територијално припаѓа на централната белградска општина Чукарица.
Формирање на езерото Савското езеро претставува некогашен десен ракав на реката Сава кај Ада Циганлија. Формирањето на Савското езеро започнало во 1957 година, откако Народниот Одбор на градот Белград формирал Дирекција за изработка на Рекреативен центар Ада Циганлија.
Категорија:Езера во Србија