мини|Ли како Скарлет О'Хара во филмот ,,Однесено од виорот" (1939) thumb|right|200|Вивиен Ли Вивиен Ли (aнгл. Vivien Leigh; - ), позната како како Лејди Оливие по 1947 година ― британска филмска и театарска глумица. Двапати била наградена со Оскар за најдобра глумица за нејзините улоги како Скарлет Охара во Однесено со виорот (1939) и Бланш Дубоа во филмската адаптација на Трамвајот наречен желба (1951), улога која ја глумела и на театарската сцена во лондонски Вест Енд во 1949 година. Вивиен Ли освоила награда Тони за улигата во Бродвејскиот мјузикл Товарич (1963). Во 1999 година Американскиот филмски институт ја ставил на 16-то место на списокот на најголемите 50 ѕвезди-глумици на класичната холивудска кинематографија.

За нејзините улоги, Ли често соработувала со нејзиниот втор сопруг, Лоренс Оливие, со кого била во брак од 1940 до 1960 година. Ли и Оливие заедно глумеле во многу театарски претстави во кои Оливие најчесто бил и режисер, а заедно глумеле и во три филма. Имала репутација дека е тешка за работа и во поголемиот дел од нејзиниот живот имала биполарно растројство и периодични напади на хронична туберкулоза која првпат ѝ била дијагностицирана во средината на 1940-тите, а тоа било и причина за нејзината смрт на 53-годишна возраст.Olivier 1982, p. 174.

Живот и кариера Вивиен Ли била родена како Вивиен Мери Хартли Briggs 1992, p. 338. на 5 ноември 1913 година во Дарџилинг, Британска Индија. По завршувањето на драмско училиште, Ли глумела мали улоги во четири филма во 1935 година. Есента 1935 година, на инсистирање на Ли, Џон Бакмастер ја запознал со Лоренс Оливие.Lasky 1978, p. 13; Vickers 1988, p. 62. Оливие и Ли започнале афера додека глумеле љубовници во Оган над Англија (1937). Во овој период, Ли го читала романот од Маргарет Мичел, „Однесено со виорот“ , и му наложила на нејзиниот американски агент да ја препорача кај Дејвид О. Селзник, кој планирал да сними филмска верзија.Taylor 1984, p. 14.

Улогата во Однесено со виорот на Ли ѝ донела огромна популарност. Филмот освоил 10 Оскари вклучувајќи ја и наградата за најдобра женска улога за Ли,"Gone with the Wind." Academy Awards Database (Oscars.org) (Academy of Motion Picture Arts and Sciences). Retrieved 15 January 2015. која исто така ја освоила наградата за најдобра глумица од Њујоршкиот кружок на филмски критичари.

На 31 август 1940 година, Оливие и Ли се венчале во Санта Барбара, Калифорнија, на церемонија на која присуствувале само нивните домаќини и сведоците: Кетрин Хепберн и Гарсон Канин.Walker 1987, pp. 150–151.

Кон крајот на 1940-тите, Ли ја добила улогата на Бланш Дубоа во театарската претстава на Вест Енд „Трамвајот наречен желба“ според романот од Тенеси Вилијамс; Оливие добил договор да ја режира претставата.Bean 2013, pp. 125–126. По 326 изведби, Ли била одредена да ја репризира улогата на Бланш Дубоа во филмската верзија од претставата. Изведбата на Ли во Трамвајот наречен желба добил извонредни критики и ѝ го донела вториот Оскар за најдобра женска улога,Taylor 1984, p. 91. награда од Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) за најдобра британска глумица и награда од Кружокот на филмските критичари од Њујорк за најдобра глумица.Bean 2013, p. 145.

И покрај нејзината популарност како филмска глумица, Ли првенствено била театарска глумица. За време на нејзината 30-годишна кариера, глумела главни улоги од театарските адаптации на комедиите од Ноел Кауард и Џорџ Бернард Шо до класични Шекспирови ликови како: Офелија, Клеопатра, Јулија и Лејди Магбет.

Наводи

Извори Bean, Kendra. Vivien Leigh: An Intimate Portrait. Philadelphia, Pennsylvania: Running Press, 2013. . Briggs, Asa, ed. A Dictionary of Twentieth Century World Biography. London: Book Club Associates, 1992. . Lasky Jr., Jesse L. Love Scene : The story of Laurence Olivier and Vivien Leigh. Brighton: Angus & Robertson, 1978. . Оливие, Лоренс. Confessions of an Actor. New York: Simon & Schuster, 1982. . Walker, Alexander. Vivien: The Life of Vivien Leigh. New York: Grove Press, 1987. .

Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1967 година Категорија:Римокатолички христијани од Велика Британија Категорија:Луѓе со биполарно растројство Категорија:Британски театарски глумици Категорија:Британски глумици Категорија:Британски филмски глумици Категорија:Добитници на БАФТА награди Категорија:Добитници на Оскар за најдобра глумица Категорија:Добитници на Оскар