Ивана Михиќ (Белград, 13 јануари 1970 годинна) — српска глумица, продуцент и писателка.
Биографија Ивана Михиќ пораснала на Баново Брдо. Како дете вежбала ритмичка гимнастика. Таа го освоила седмото место на белградскиот натпревар по ритмичка гимнастика. Потоа ја заменила ритмичката гимнастика со балет и музика. Завршила нижо балетско училиште „Лујо Давичо“ и нижото музичко училиште „Ватрослав Лисински“ отсек пијано. Таа потоа се запишала на глума. На приемниот, таа извела монолог од драмата на нејзиниот татко „Жолта“ и ја имитирала својата мајка од претставата „Виктор или децата на власта“ и глумицата Тања Бошковиќ . Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Миленко Маричиќ и професорот Бранислав Жага Миќуновиќ, предводена од професорот Владимир Јевтовиќ во првите две години. Во одделението со неа биле: Дубравка Мијатовиќ, Тамара Вучковиќ, Драган Миќановиќ, Небојша Дугалиќ, Горан Шушљик, Жељко Митровиќ, Мирсад Тука.
Филмската кариера ја започнала како деветгодишник, со улога во филмот Среќно семејство, а продолжила како тринаесетгодишна, со улога во филмот Варљиво лето '68. Својата театарска кариера ја започнала со главните улоги во претставите „Некои тоа го сакаат топло“ (Театар на Теразие) и „Сирано од Бержерак“ (Народен театар во Белград ). Таа снимила ЦД и касета со музика од претставата „Тринидад“ за ПГП РТС, а гостувала и на ЦД-то на Тина Миливојевиќ „Приспивни песни за бебиња и мали деца“ . Во1996 година Ивана ја основа својата филмска продуцентска куќа „ХОРИЗОНТ“, а како продуцент и извршен продуцент ги потпишува следните филмови: Купи ми Елиота, Механизам, Таа ја сака Ѕвезда, Кутрите мали хрчаци 2010, како и ТВ серијата Куќа на среќата .
Учествувала на над педесет меѓународни филмски фестивали со филмовите на продуцентската куќа „ХОРИЗОНТ“. За продукцијата на нејзините филмови повеќепати е наградувана со домашни и странски признанија. Таа, исто така, ја осцвоила меѓународната филмска награда за најдобра глумица на Меѓународниот филмски фестивал во Александрија за нејзината улога во филмот Механизам . За истата улога таа беше наградена со „Оскар за популарност“, 2000 година, како најпопуларна глумица избрана од публиката и низа други награди. Била член на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Лече . Четири години била претседател на „Собрание на здружението“ на филмски продуценти во Србија. Таа била ангажирана во серија хуманитарни акции наречени „Извор на светлината“ .
Ивана е и писателка. Досега напишала и објавила четири книги: „Мојот пријател, под креветен Мрак“ (во соработка со Вера Чукиќ), „Мојот единствен живот“, „Мраз“ и „ Headhunters “. Од декември 2008 година пишуваше колумни за дневниот весник „Политика“ во рубриката „Погледи од страна“ .
Таа е ќерка на сценаристот Гордан Михиќ и глумицата Вера Чукиќ.
Улоги +ГодинаНазивУлога 1970-ти1978Образ со образ: Новогодишен специјалИвана1979Среќно семејствопостара ќерка1979Среќно семејство (ТВ серија)постара ќерка1980-ти1984Варљиво лето '68Владица Цветковиќ1984Варљиво лето '68 (ТВ серија)Владица Цветковиќ1987Октоберфест1988Роман за Лондон (серија)Мис Мун1990-ти1991Сараевски приказниЃана Раѓеновќ1991Најтоплиот ден во годинатадевојка на Зоран1993НапаѓачЈелена1993-1994Среќни луѓеКатарини Кети Бабовиќ1995Балкон на кровотАнѓа Мишковиќ1995-1996Среќни луѓе 2Катарина Кети Бабовиќ1996-1997Горе долеКристина Кики Јакшиќ1998Купи ми ЕлиотаЧора / Ники2000-ти2000МеханизамСнежана2003Куќа на среќата2005Либерорусокоса2005Ивкова славаФранцуска снаа2006Условна слободаМарта2010Дојди поблизуЉубица Протиќ2010Не е тој таковМарина2008-2011Мојот роднина од селоДивна Мајсторовиќ Враниќ2012-2017Воена академија (ТВ серија)Емилија Стошиќ Наводи
Надворешни врски
Ивана Михиќ на сајтот IMDb (јазик: англиски) You Tube ИНТЕРВЈУ Ивана Михиќ: Романите се околу нас, а јас пишувам („Вечерње новости“, 05.01.2021)
Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски филмски продуценти Категорија:Родени во 1970 година