Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Коњскарскиот манастир во селото Коњско, Македонија.
Црквата со својата местоположба кај заливот Лиса пружа прекрасен поглед на Преспанското Езеро.
Местоположба
Црквата се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, изградена на карпа на самиот брег на Преспанското Езеро.
Црквата се наоѓа околу 2 километри од селото Коњско и околу 6 километри од селото Стење. До нејзе може да се стигне преку возило преку макадамски пат, како и пеш преку стрмна тесна патека. И двете се издвојуваат од локалниот пат помеѓу двете села.
Историја
Црквата била подигната во 1922 година на стари темели, што се забележува и од натписот во нишата над влезот, каде стои 10 мај 1922 година. Во нејзина непосредна близина постојат остатоци од градби кои упатуваат на претпоставката дека во минатото тука се наоѓал манастир. Претходната градба на црквата се верува дека потекнува од 1870 година.
Денес, манастирот е обновен.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата не поседува фрескоживопис.
Иконостас
Во внатрешноста на црквата има иконостас.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Втора ресенска парохија Коњско
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Коњско (Ресенско) Коњско