Чаршиски мост (наречен и Царски мост) — историски камен мост преку Кратовска Река во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.
Мостот е изграден во 1804 година. Реновиран е во 1933 година. Се вбројува меѓу симболите на градот и стои претставен на грбот на Општина Кратово. Се наоѓа на околу 70 метри од Грофчанскиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по Ајдучката чаршија.
Изграден е од камен и има еден свод со големина од 0,90 × 2 м.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Кратово
Наводи
Категорија:Мостови во Кратово Категорија:Знаменитости во Кратово Категорија:Камени мостови