Пафтали џамија — стара џамија во градот Битола, денес во реставрирана и добра состојба кој се извршува пет дневни молитви

Местоположба Џамијата е сместена во северниот дел на градот, во маалото Баир близу до Соук Чешма.

Историја За џамијата нема зачувани писмени податоци, ниту пак натпис. Се смета дека е изградена во XVII век. Во минатото имало и гробови, како и мектеб (исламско основно училиште). На крајот на XIX век е изградено дополнително молитвено пространство на јужната страна, коешто се користи како дрводелска работилница.

Архитектура Џамијата е претставник на провинцијалната ранокласична османлиска архитектура. Архитектонски е слична на урнатата Скршена џамија во јужниот дел на градот. Има скромни димензии — квадратна основа со големина 5,80 × 5,80 м и складни пропорции. Покриена е со купола на осумаголен барабан на четири длабоки пандантиви, видливи однадвор. На јужната фасада има два правоаголни прозорци во мермерни рамки кои завршуваат со олеснителен украсно изработен свод од тули. Изградена е во добар клоазонски стил од груби камени блокови и три реда тули и делкани камени блокови од порозен варовник во аглите. Влезот порано бил од источната страна, а денес е преку основата на минарето, кое е на западната страна и невообичаено е поврзано и со молитвениот простор и со куполата. Влезот во минарето е од улицата. Има многуаголна основа од прецизно делкан порозен варовник, додека пак балконот е од тули.

Во внатрешноста на молитвениот простор има гроб. Во минатото градбата била покриена со олово.

Поврзано Битолско муфтиство

Наводи

Категорија:Џамии во Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Битолското муфтиство Категорија:Урнатини во Македонија