Големата седа дебелоглавка (Muschampia proto) е пеперуга од семејството на дебелоглавки. Пеперугата живее и во Македонија.

Опис

Оваа пеперуга живее во Северна Африка (Мароко, Алжир), Италија, Франција, Грција и Македонија.

Распонот на крилјата на пеперугата е од 14 до 15 мм, иако во Мароко има и видови кои достигнуваат до 17 мм. Овој вид на пеперуги нема постојани физички одлики, но најчесто се разликува од другите видови по централната точка на предниот дел од крилјата. Возрасните единки летаат од април до мај, и имаат една генерација годишно. Ларвите се хранат со Phlomis. Крилјата имаа доминантно кафеава боја, исшарани со бели и црни точки и бели рабови.

Наводи Whalley, Paul - Mitchell Beazley Guide to Butterflies (1981, reprinted 1992)

Надворешни врски Lepiforum Молци и пеперуги во Европа и Северна Африка Пеперуги во Ерменија Muschampia proto

Категорија:Дебелоглавки Категорија:Инсекти на Македонија