За Твојата Љубов е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 1999 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 2002 година.

Синопсис Доаѓањето на образованиот, силниот и таинствениот работен човек Марко Дуран во градот Сан Карлос ќе ги промени животите на многу луѓе. Силниот карактер и милоста на убавата Сиело се особините заради кои Марко веднаш се заљубува во младата наследничка, но таа во него гледа само натрапник кој сака да гради хотел кој би донел немир во инаку спокојниот град. Сепак, кога дознава дека свршеникот Серхио ја измамил со нејзината помлада сестра Бриса, Сиело и покрај презирот, ќе го прифати бракот со Марко, обидувајќи се да го заборави Серхио. Уверен дека Сиело ја заборавила измамата на сестрата и бившиот свршеник, Марко безнадежно се заљубува во новата сопруга, ниту малку не сомневајќи во нејзината љубов. Но, кога ќе сфати дека Сиело сè уште ја мачат сомнежите врзани за минатото, Марко ќе го напушти скршеното срце и ќе почне врска со злобната Миранда, жената која нема да бира средства засекогаш да го спречи враќањето на Сиело во животот на Марко.

Улоги Глумци ЛиковиГабриела Спаниќ Марија дел Сјело Монталво / АурораСаул Лисазо Марко ДуранКети Барбери Миранда НарваизХерардо Мургија Д-р Серхио ЗамбраноРоберто Вандер Дон. Николас МонталвоМаргарита Магања Бриса Монталво

Надворешни врски Интернет теленовела база на податоци Сериалс.ру

Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели