Раде Ѓерговиќ (роден во Лозница, 1948)„Раде Ђерговић афористичар“ (биографија), Ризница српске духовности — српски хуморист, сатиричар и афорист.

Биографија Основно, средно и високо образование завршил во Шабац. Работел како учител во Раѓевина (Бела Црква, Врбиќ, Доње Брезовице) и во Груж, општина Книќ (Топоница, Баре, Забојница). Во 1996 година се вратил во Шабац, каде се вработува како библиотекар во Народната библиотека „Жика Поповиќ“ . Се пензионирал во 2009 година.

Почнал да пишува хумор и сатира во 1968 година во емисијата „Минимакс“ која се емитувала на брановите на „Радио Белград“. Застапен бил во повеќе антологии на афоризми и наградуван за неговите дела во поранешна Југославија. Преведен е на руски, полски и македонски јазик.

Член е на Друштвото на писателите на Србија и на невладината организација „Ризница на српската духовност“.

Книги Скокања Јовановиќи Современи басни Носталгични приказни Коската е фрлена Слушање од засолништето Запрете ја земјата Небесни луѓе и земни чуда Бруте брате Хумор и лектира Во демократија до гуша Предавници на еволуцијата

Награди и признанија (избор)

Златна значка од Културно-просветното друштво на Србија Прва награда за афоризам, „Цивијада 2012“ Награда Радоје Домановиќ, 2016 година Награда Драгиша Кашиковиќ Награда Јован Хаџи Костиќ, 2020 година ФЕСТИВАЛ НОВОСТИ: Раде Ђерговић је добитник награде Јован Хаџи Костић („Вечерње новости”, 15. октобар 2020)

Извори

Надворешни врски

Раде Ѓерговиќ, Од збирката афоризми „Предавници на еволуцијата“, Проект Растко Категорија:Сатиричари Категорија:Српски писатели Категорија:Српски афористи Категорија:Луѓе од Лозница Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Членови на Здружението писатели на Србија