Велибор Васовиќ (Пожаревац, 3 октомври 1939 — Белград, 4 март 2002) — фудбалер кој играл за: Партизан, Црвена ѕвезда, Ајакс и член на југословенската фудбалска репрезентација.

Васовиќ во својата професионална кариера бил и фудбалски тренер.

Детството и почетоците на младоста Велибор Васовиќ е роден на 3 октомври 1939 година во Пожаревац, како деветто дете на Живојин, даночен службеник, и Јелена Васовиќ (роденото презиме Лаушевиќ), домаќинка. Тој имал четворица постари браќа и три постари сестри. Едната од сестрите починала пред неговото раѓање. По Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија, татко му Живојин бил одведен во германско заробеништво, каде поминал четири години, додека најстарите браќа и сестри на Велибор Васовиќ се придружиле во редовите на партизаните.Velibor Vasović - Kako je milicija pendrečila Milaneze!;Duga, 1986

По завршувањето на основното училиште во Пожаревац, семејството Васовиќ се преселило во Белград. Татко му Живојин починал во 1953 година. За семејството се грижел вујкото на Васовиќ, Давид Лаушевиќ, висок функционер во Управата на државна безбедност (УДБА). Велибор Васовиќ дипломирал како студент на Првата белградска гимназија, а подоцна дипломирал и на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

Спортска биографија

Партизан и Црвена ѕвезда Фудбалската кариера Васовиќ ја започнал како 15-годишник во белградскиот фудбалски клуб Партизан. Тој брзо успеал да се избори во тимот од најдобрите единаесет играчи. Во црно-белиот дрес одиграл вкупно некаде повеќе од 300 натпревари. Со клубот на Партизан освоил четири шампионски титули и тоа во сезоните 1960/61, 1961/62, 1962/63 и 1964/65.

Во сезоната 1963/64 Васовиќ се преселил во екипата на Црвена ѕвезда и со својот трансфер привлекол големо медиумско внимание. Пред неговото трансферирање, никогаш не се случило фудбалер од ниту еден од овие два ривалски клуба да се пресели во спротивниот табор. Таа година со екипата на Црвена ѕвезда повторно ја освоил шампионската титула на Југославија, што му била четврта во низа. Тој одиграл само 13 натпревари. Според тогашните извори, за таа една сезона помината во клубот на Црвена ѕвезда, добил пет милиони динари, колку што приближно чинеле тогаш два автомобили од марката Мерцедес.

„Тогаш мојот договор истекуваше, но истекувал и на Јусуфи. И тој и јас бевме репрезентативци. Во управата на Партизан во тоа време беше и мојот веќе споменат вујко Давид Лаушевиќ, па мудрите луѓе во клубот мислеле дека е подобро да се дадат големи средства на Јусуфи за да не замине, а јас по природата на нештата да молчам бидејќи мојот вујко ќе ме среди. Секако јас веднаш отидов кај Аце Обрадовиќ и му реков „Чичко Ацо, ако Црвена ѕвезда има пари јас би...“ И така дојдов во екипата на Црвена ѕвезда исплатен од црниот фонд. Во Партизан беа запрепастени. Генералот Илија Радаковиќ, тогаш беше претседател на Партизан, веднаш одлучи, исто така, од црниот фонд да ми даде двојно повеќе само да се вратам. Започна невиден притисок. Се јавуваа на телефон, пишуваа писма, ги организираа навивачите... Уште го чувам писмото во кое еден офицер на ЈНА се закануваше со убиство и тоа на средина од стадионот со помош на снајпер ако не се вратам. И што е најубаво, човекот се потпишал со целото име и презиме, ја напишал и адресата, сѐ.“

Велибор Васовиќ, 1986 година.

По една сезона помината во екипата на Црвена ѕвезда Васовиќ се вратил во составот на Партизан со кој повторно ја освоил титулата шампион на Југославија во сезоната 1964/65. Сепак, неговото враќање во црно-белите било проследено со контроверзии. Во ситуацијата кога тренирал со играчите на екипата на Партизан, а платата ја земал од клубот на Црвена ѕвезда, по замислата на тогашниот потпретседател на Партизан, Чедо Џомба, Васовиќ заминал директно кај потпретседателот на СФРЈ, Александар Ранковиќ. Разговорот траел 45 минути во зградата на Сојузниот извршен совет. Откако Васовиќ ја објаснил целата ситуација, Ранковиќ одговорил со: „Ќе размислиме и ќе видиме“. Епилогот бил постигнатиот договорот помеѓу челниците на вечните ривали Илија Радаковиќ од една страна и Аца Обрадовиќ од друга: Васовиќ се вратил во екипата на Партизан, а Звездан Чебинац заминал во составот на Црвена ѕвезда.

„Моето враќање во Партизан предизвика раздор и незадоволство помеѓу останатите играчи. Насетија дека клубот може да се уценува за пари, Галиќ, Јусуфи, Зоран Миладиновиќ и останатите, едноставно не сакаа да играат... Така се случи на пример да играме во Скопје, против Вардар за бодови само Владица Ковачевиќ и јас и сите останати од младинската екипа.“

Велибор Васовиќ, 1986 година.

Куп на шампиони со Партизан Со освојувањето на титулата шампион на Југославија во сезоната 1964/65, екипата на Партизан се здобила со правото за настап во Купот на европските шампиони. Тогашните бебиња на Партизан, предводени од тренерот Абдулах Гегиќ, биле сериозен ривал на било кој европски клуб во тоа време.

Екипата на Партизан во повеќето натпревари од Купот на шампионите настапувала во следниот состав:

(1) Милутин Шошкиќ (голман), (2) Фахрудин Јусуфи, (3) Велибор Васовиќ (капитен), (4) Бранко Рашовиќ, (5) Љубомир Михајловиќ, (6) Владица Ковачевиќ, (7) Радослав Бечејац, (8) Мане Бајиќ, (9) Мустафа Хасанагиќ, (10) Милан Галиќ, (11) Јосип Пирмајер. Тренер бил Абдулах Гегиќ.

Екипата на Партизан за пред-натпреварот како противник го добила францускиот шампион Нант. Со победата во Белград од 2:0 и нерешениот резултат на гостински терен 2:2, била надмината првата пречка со вкупен резултат од 4:2.

Нареден противник бил шампионот на Германија Вердер од Бремен. Екипата на Вердер била елиминирана со вкупен резултат од 3:1. Во Белград било 3:0, а во Бремен 0:1 за клубот на Вердер.

Составот на Партизан во четвртфиналето го совладал шампионот на Чехословачка, Спарта од Прага. Клубот на Партизан го загубил првиот натпревар во Прага со резултат од 4:1, додека вториот натпревар во Белград го добил со резултат од 5:0 и со тоа се пласирал во полуфиналето со вкупен резултат од 6:4.

Во полуфиналето составот на Партизан го чекал шампионот на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед. Но, и овојпат бебињата (младите играчи) на Партизан успешно ја завршиле задачата со вкупен резултат од 2:1 (2:0 во Белград и 0:1 во Лондон). По тој натпревар екипата на Партизан се квалификувала за финалето.

Финалето на Купот на шампионите се одиграло во Брисел на 11 мај 1966 година, а противник на составот на Партизан бил шампионот на Шпанија, екипата на Реал од Мадрид. Се играло на познатиот стадион „ Хајсел “ пред 55.000 гледачи. Екипата на Партизан во сѐ бил рамноправен противник на составот на Реал од Мадрид. Во 55 минута клубот повел со голот на Велибор Васовиќ. За жал на играчите на Партизан, тоа било сѐ што можеле да направат. Составот на Реал со головите на Амансио и Серена успеал да го совлада клубот на Партизан и да ја освои титулата шампион на континентот.Champions' Cup 1965-66 Ајакс десно|мини| Васовиќ во дресот на Ајакс, 1967 година. По финалниот натпревар во Купот на шампионите, повеќето играчи на екипата на Партизан си нашле ангажмани во странски клубови. Велибор Васовиќ немал менаџер, па отишол и сам се понудил. Тој поминал два месеци во Западна Германија, обидувајќи се да потпише за составите на Минхен 1860 и Борусија од Дортмунд. Кога веќе размислувал да се врати во Белград и да ја продолжи кариерата во екипата на Партизан, за него се заинтересирал составот на Ајакс од Амстердам. Васовиќ за екипата на Ајакс настапувал од 1966 до 1971 година. Тој одиграл 145 првенствени натпревари и постигнал 13 првенствени голови. Со Ајакс освоил три холандски титули во сезоните 1966/67, 1967/68 и 1969/70 и три холандски купови во сезоните 1966/67, 1969/70 и 1970/71. Васовиќ билкапитен на Ајакс. Таа чест пред него не била доверена на ниту еден странски играч. Васовиќ бил првиот странец, капитен на екипата на Ајакс. Составот на Ајакс бил сензација во Европа во тие сезони со својот нов стил на игра. Тренерот Михелс го вовел таканаречениот тотален фудбал, каде секој играч можел да игра на која било позиција, а изборот на играчи од тимот на Ајакс му го овозможило сето тоа.

Веднаш во првата сезона, Васовиќ заедно со екипата на Ајакс го освоил Купот на Холандија, но и шампионската титула,Холандска фудбалска сезона 1966-67, табела и резултати и таа година, 20-годишниот Јохан Кројф станал најдобар стрелец во лигата со дури 33 постигнати голови.Листа стрелаца холандских шампионата

Во екипата на Ајакс, каде што минал пет сезони, под палката на тренерот Ринус Михелс, Васовиќ бил капитен на играчи од светска класа како што биле: Јохан Кројф, Јохан Нескенс, Вим Сурбијер, Ханц Стај, Бари Хулшоф, Гери Мирен и Пит Кајзер. Велибор Васовиќ имал можност прв да го подигне првиот трофеј од Купот на шампионите за екипата на Ајакс освоен како капитен. Тоа бил прв трофеј од вкупно четири колку што составот на Ајакс има освоено во историјата.

Финалиња на Купот на шампионите со екипата на Ајакс Финалето се одиграло во Мадрид на 28 мај 1969 година, а противник на составот на Ајакс бил шампионот на Италија екипата на Милан од Милано. Се играло на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ пред околу 50.000 гледачи. Екипата на Милан повела со резултат од 2:0, а составот на Ајакс тргнал на сѐ или ништо. Велибор Васовиќ погодил од пенал и го намалил резултатот на 2:1 и така ги подигнал надежите на играчите на Ајакс. Но, сето тоа траело кратко и со головите на Сормани и Пратија Милан го зголемил водството на 4:1 и ја освојуваат титулата европски првак.Champions' Cup 1968-69

28 мај 1969 годинаФинале на Купот на шампионитеМилан 4: 1Ајакс Град: Мадрид стадион Сантјаго БернабеуСудија: Хосе Ортиз де Мендибил (Шпанија)Гледачи: 50.000 Проти 7 минута, 40 минута и 75 минутаАнџело Сормани, 67 минута Васовиќ, 60 минута од пенал

десно|235x235пкс Финалето се одиграло во Лондон на 2 јуни 1971 година, а противник на екипата на Ајакс бил шампионот на Грција, екипата на Панатинаикос од Атина. Натпреварот се играл на стадионот „ Вембли “ пред околу 90.000 гледачи. Екипата на Ајакс била фаворит. Составот на Панатинаикос во неверојатна завршница во полуфиналето во два натпревари ја елиминирал екипата на Црвена ѕвезда. Составот на Црвена ѕвезда го добила првиот натпревар во Белград со резултат од 4:1 и се очекувало сигурно финале, но екипата на Панатинаикос предводена од тренерот Ференц Пушкаш победила во Атина со резултат од 3:0 и благодарение на голот постигнат на гостински терен се пласирала во финалето. Ова веќе бил огромен успех за грчкиот тим, па екипата на Ајакс само рутински ја завршила работата и му овозможила на Васовиќ да го подигне првиот трофеј за составот на Ајакс како освојувач на Купот на шампионите. Велибор Васовиќ за првпат не постигнал гол во финалето, но првпат го освоил истото.Champions' Cup 1970-71

Екипата на Ајакс финалниот натпревар од Купот на шампионите го одиграл во следниот состав:

(1) Стај (голман), (7) Нескенс, (3) Хулшоф, (4) Велибор Васовиќ (капитен), (2) Сурбијер, (6) Рејндерс, (14) Кројф, (9) Мирен, (8) Сварт, (10) Ван Дајк, (11) Кајзер. Во вториот дел како замени во игра влегле (12) Бланкенбург и (15) Хан. Тренер бил Ринус Михелс.Статистика и резултати 1970-71

2 јуни 1971 година Финале на Купот на шампионитеАјакс 2: 0Панатинаикос Град: Лондон ВемблиСудија: Џек Тејлор (Англија) Гледачи: 90.000 Ван Дајк 5 минута Ари Хан, 87 минута

Репрезентација Велибор Васовиќ настапувал за репрезентацијата на Југославија во периодот од 1961 до 1966 година. За тоа време одиграл 32 натпревари и постигнал два гола, но и еден автогол.

Васовиќ за прв пат настапил во југословенската репрезентација на 18 јуни 1961 година на пријателскиот натпревар одигран во Белград против составот на Мароко. Конечниот резултат на тој натпревар бил 3:2 за репрезентацијата на Југославија.