Семетешкото Езеро е најголемото урниско езеро на западната страна на Копаоник. Се наоѓа под ридот ЧукараСеметешко језеро, посетено на 31 јануари 2013., во атарот на селото Семетеш, на 200 метри од Националниот парк Копаоник.Глас јавности: Острва плове, аждаја ћути, М. С., 22. 7. 2002. , посетено на 31 јануари 2013. Геолозите тврдат дека ова езеро настанало од ледниците пред милиони години.
Одлики Има кружна форма и пречник 60 метри. Секогаш има исто ниво, и се снабдува со вода од подводни извори, а во помала мера од два извори над езерото. Поради големата ширина и длабочина на подводните извори, кои формираат левак во централниот дел на езеротоРТС: Лепоте Рашке, 29. 8. 2011., посетено на 31 јануари, посетено на 25 април 2013., практично е невозможно да се измери длабочината. Многу нуркачи се обиделе, но не се осмелиле, да нурнат подлабоко од 15 метри, поради силните водни струи, кои ги повлекле во длабочините. Просечната температура на водата е 10 °C во јули и до 20 °C во август. Од нег истекува Семетешка река, која подоцна се влева во реката Радошиќ. На езерото се формирале пловечки острови со растенија и дрвја. Кога дува ветер, островите се движат низ езерото. Поради овие пловечки острови, езерото е прогласено за хидролошки споменик на природата. Туристичка атракција претставува пловење по езерото до овие острови, со помош на весла.
Богато е и со риби: крап и бабушка, па затоа е привлечно за рибарите, а староседелците на езерото се дождовници.
Југозападно од Јошаничка Бања има уште две урниски езера, Горно (Долго) и Долно (Мало) езеро.Скијање: Национални парк Копаоник , постено на 31 јануари 2013.
Легенди Бидејќи ниту нуркачите не успеале детално да го истражат дното на ова езеро, на некој начин тоа останало тајна, како за научниците, така и за посетителите и месното население, кои се восхитуваат на неговата убавина, но и се плашат од него. Никој не знае како и кога е создадено, па се шират разни легенди за него.
Се вели дека некој поп сакал да изврши вршење на Свети Кирил, па мештаните го предупредиле тогаш да не работи. Ја започнал работата, а земјата се отворила, голтајќи го него и коњите, а потоа зоврила водата, од која се формирало езеро, чија површина постојано треперела.
Се вели дека на ова езеро се собирале самовили и дека навечер понекогаш се слуша глас на водено чудовиште кое ги плаши случајните минувачи,Српски сан: Семетешко језеро, посетено на 31 јануари 2013. од чудовишта. Поради тоа, штом би се стемнило, сите си оделе во своите куќи и добро ги заклучувале вратите и прозорците плашејќи се од чудовиштето. Но, како што се помалку се јавува, мештаните сепак се ослободија од стравот. Други веруваат дека тоа е редок вид на жаба или птица.
Наводи
Галерија
Поврзано
Список на езера во Србија
Литература Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Недостаје или је празан параметар |title= (помоћ)
Категорија:Езера во Србија