Dolerus bimaculatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.

Опис Главата и градите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. Предните нозе се црвени. Абдоменот е црн на двата краја, во средината од вториот до петтиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 20-24 мм. Нивната глава е бледожолтеникава со темнокафеав белег на челото во форма на срп. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Equisetum.

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-10 мм.

Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Средна и Северна Европа. Во Македонија видот се среќава во Маврово и село Рашче, Скопско.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 79

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија