Арамиска Пештера — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Гарниково. Претставува некропола од римско време.

Местоположба Се наоѓа на границата меѓу атарите на селата Гарниково и Бојанчиште, на левиот брег на селската река, преку тесен и тешко видлив влез се влегува во мала пештера чии димензии не се точно дефинирани. На околу стотина метри од влезот се слуша бучава од рекичката која понира.

Ископувања и наоди Во предниот дел на пештерата биле вршени погребувањa на тој начин што покојниците биле ставана во издлабени места, како мали галерии. Интересен е фактот што коските на покојниците се покриени со сталагмитска маса, со што се скеменети, односно трајно конзервирани. Најдени се 12 бронзени монети, 2 белезици и 1 прстен што се чуваат кај физичко лице.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи