Стефан Шќеповиќ (роден на 10 јануари 1990 година) е српски фудбалер кој моментално настапува во кипарскиот клуб АЕЛ од Лимасол на позицијата напаѓач.
Тој настапувал за клубовите во својата татковина, но и во Италија, Белгија, Израел, Шпанија, Шкотска, Унгарија, Полска и Јапонија. Во неговата прва сезона во екипата на Селтик, тој помогнал клубот да ја освои двојната круна во шкотското првенство и во Шкотскиот Лига Куп. мини|Стефан Шќеповиќ како репрезентативец Бил репрезентативец до 21 година. Стефан Шќеповиќ својот прв натпревар за сениорската репрезентација за Србија го имал во 2012 година.
Клупска кариера
Почетна кариера Шќеповиќ својата професионална кариера ја започнал во 2007 година во тимот на ОФК Белград. Во 2010 година заминал како позајмен играч во екипата на Сампдорија. Како дел од договорот, екипата на Сампдорија имала можност да потпише траен договор до крајот на сезоната. На крајот на сезоната, Шќеповиќ бил поврзуван со премин во составот на Јувентус и во белгискиот Клуб Бриж. На крајот Стефан потпишал со белгискиот тим.
Клуб Бриж Во месец јули 2010 година, Шќеповиќ му се приклучил на белгискиот Клуб Бриж. Откако одреден период во првата половина од сезоната немал постигнато ниту еден гол за клубот, тој во месец јануари 2011 година бил позајмен на составот на Кортријк. Белгиските медиуми, малку на шега напишале дека тој бил најзапаметен во составот на Бриж по настанот кога случајно се заклучил во бањата во Афлигем и тоа неколку часа пред пријателскиот натпревар.
Партизан На 8 јуни 2012 година, Шќеповиќ потпишал двегодишен договор со ФК Партизан. Истиот ден се оженил со својата долгогодишна девојка Јована Шќеповиќ. Со екипата на Партизан настапил во Лигата на Европа на УЕФА 2012-13. Во тоа натпреварување неговиот тим се сретнал и играл против екипите на: Интернационале (Интер), Рубин од Казан и Нефтчи од Баку.
Спортинг Хихон Во месец јули 2013 година, Стефан Шќеповиќ потпишал тригодишен договор, но како позајмен играч со екипата на Спортинг од Хихон. Во договорот постоела и откупна клаузула. Во месец септември тој станал првиот играч во историјата на клубот кој успеал да постигне гол во неговите први пет последователни натпревари (против Реал Мадрид Кастиља, Рекреативо од Уелва, Мајорка, Понферадина и Депортиво од Ла Коруња). Овој период со одлични настапи му ја донела наградата Играч на месецот во Сегунда Дивизион лигата.
Во месец јануари 2014 година Шќеповиќ бил изгласан од страна на читателите на шпанскиот спортски весник Марка, за најдобар играч на првата полусезона, притоа бил нарекуван „кралот на Сегунда“. Исто така, бил именуван во единаесетте најдобри играчи на средината од сезоната. Овој избор бил направен од ЛФП (Фудбалската Примера Лига).
На 6 февруари 2014 година на Шќеповиќ му бил откупен во целост договорот од страна на составот на Спортинг. Сумата изнесувала 1 милион евра, и новиот договор бил со важност до 2018 година. До тој период Стефан постигнал 22 гола на вкупно 39 настапи за клубот.
Селтик На 2 септември 2014 година, Шќеповиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Селтик за сума од 2,3 милиони фунти. Единаесет дена подоцна, го одиграл својот прв натпревар како стартер во победата од 2:1 против екипата на Абердин на стадионот Селтик Парк.
На 23 октомври, го постигнал својот прв гол за клубот против составот на Астра од Џурџу во Лигата на Европа на УЕФА, постигнувајќи гол со глава по слободен удар кој го изведувал соиграчот Ентони Стоукс во победата од 2:1 домашен терен. Три дена подоцна, тој го постигнал својот втор гол за клубот, а воедно и неговиот прв во лигата, во победата од 2:0 над екипата на Килмарнок. Вториот гол на тој натпревар бил од слободен удар, кој го изведувал соиграчот Џон Гвидети. Слободниот удар бил заработен откако противничкиот играч Мануел Паскали бил исклучен поради жестокиот прекршок направен токму врз Стефан Шќеповиќ.
На 15 март 2015 година, Шќеповиќ бил на клупата за резервни играчи, додека неговиот Селтик го освоил Лига купот на Шкотска со победата од 2:0 над составот на Данди Јунајтед. Финалето се играло на стадионот Хемпден Парк. Во екипата на Селтик стартувале напаѓачите Стоукс и Ли Грифитс, а Гвидети, подоцна влегол како замена. На 24 мај, Стефан постигнил по еден гол во секое полувреме, додека составот на Селтик ја завршил својата четврта последователна сезона како шампиони на својата земја. Тоа бил натпревар против екипата на Инвернес Каледонски Тистл кој завршил со резултат од 5:0.
Хетафе На 31 август 2015 година, Шќеповиќ му се приклучил на шпанскиот клуб Хетафе како позајмен играч. Својот прв гол за составот на Хетафе го постинал со еден низок удар со глава во победата од 1:0 над составот на Малага.
На 28 јуни 2016 година, по испаѓањето на клубот во понизок ранг, Шќеповиќ потпишал постојан договор со тимот. Со своите игри му помогнал на клубот за нивното експресно враќање во највисокото ранг. Особено бил важен голот кој го постигнал против составот на Мајорка на 10 јуни 2017 година.
Спортинг Хихон (како позајмен играч) На 12 јули 2017 година, Шќеповиќ се вратил во екипата на Спортинг, откако се согласил да настапува за период од една година како позајмен играч. Сепак, на 31 јануари 2018 година по постигнувањето на четири гола во вкупно 16 одиграни натпревари, екипите на Хетафе и Спортинг се согласиле да го раскинат договорот за неговиот третман како позајмен играч. Веднаш потоа Стефан Шќеповиќ бил префрлен во унгарскиот клуб на Видеотон.
Репрезентација Стефан Шќеповиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал на 29 февруари 2012 година во пријателскиот натпревар против составот наКипар. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 15 октомври 2013 година во квалификациите за Светското првенство наредната година против репрезентацијата на Македонија на одигран на Градскиот стадион во Јагодина. На тој натпревар Стефан влегол во игра откако го заменил соиграчот Филип Ѓорѓевиќ во 62 минута. Стефан го постигнал последниот гол на тој натпревар по 11 минути откако влегол во игра. Натпреварот завршил со резултат од 5:1.
Статистика во кариерата
Клупска статистика КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЕвропски континентални натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиОФК Белград2007–084000––402009–1012110––131Вкупно16110––171Млади радник2008–092000––20Сопот2008–0911400––114Сампдорија2009–102000––20Клуб Бриж2010–1140003171Кортријк2010–118100––81Хапоел Акре2011–12311300––3113Партизан2012–1314810101259Ашдод2012–1313600––136Спортинг од Хихон2013–14412300––41232017–1815411––165Вкупно552711––5628Селтик2014–1518410422362015–1610000010Вкупно1941042246Хетафе2015–1634620––3662016–1725310––263Вкупно59930––629МОЛ Видеотон2017–1814600001462018–1921004061Вкупно1670040207Вкупно во кариерата260807121427885 Ажурирано на игрите одиграни во периодот до 18 декември 2018 година.
Приватен живот Тој е постар брат на Марко Шќеповиќ и син на поранешниот напаѓач на екипата на Партизан, а сега еден од тренерите на младите состави во тимот, Слаѓан Шќеповиќ.
Признанија
Клупски признанија
Селтик
Освоена е Шкотска Премиер лига: 2014–15 Освоене е Шкотскиот Лига Куп: 2014–15
Поединечни признанија
Прогласен за играч на месецот во Сегунда Дивизион: септември 2013 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година