Марко Кешељ (Белград, 2 јануари 1988) е поранешен српски кошаркар. Играл на позицијата крило.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во белградска Мега Исхрана, за која настапувал две сезони. Светислав Пешиќ го повикал и кратко играл за КК Сент Хосеп, а потоа како позајмен играч на Келн, каде тренер му бил Саша Обрадовиќ.

После тоа, Светислав Пешиќ го носи во Црвена звезда, каде одигрува две многу забележителни сезони. Играше за Црвена звезда од 2008 до 2010 година и за тоа време на 99 официјални натпревари постигнува 874 поени. Во првенството на Србија во 2010 година постигнува 11,6 поени, а во плејофот по 14 поени по меч. Во втората сезона во Звезда постигнува 492 поени на 47 натпревари и беше меѓу најдобрите играчи во тимот, но до трофејот не стигна во црвено-белиот дрес. Од многу талентиран млад кошаркар стигна до дресот на сениорската репрезентација. Иако без титула во Звезда, добива целосна афирмација.

Голем интерес го однесе во грчкиот Олимпијакос, за кој играше до 2012 година. Со Олимпијакос ја освои Евролигата во сезоната 2011/12.

Сезона 2012/13 ја започнува во редовите на шпанската Валенсија, но ја напушта во февруари 2013 година поради кратка минутажа и заминува во францускиот Ле Ман до крајот на сезоната. За сезоната 2013/14 потпиша договор со Асвел.

Во октомври 2014 година се вратил во Србија и потпишал отворен договор со Мега Лекс.

Репрезентативна кариера десно|мини|330x330пкс| Марко Кешељ на ЕП 2011 година Кешељ е освојувач на бројни трофеи во помладите категории на српската репрезентација. Колекцијата вклучува злато со јуниорската репрезентација на Светското првенство во Нови Сад во 2007 година, злато со репрезентацијата до 20 години од Европското првенство во Рига во 2008 година и златен медал од Универзијадата во Белград во 2009 година.

Во сениорскиот дрес на Србија се истакнал на Светското првенство во Турција 2010 година, кога шутирал тројки со одлични 60 oтсто (21 од 35) и бил втор тројкаш на првенството. Тогаш бил трет стрелец на репрезентацијата со 100 поени, само три помалку од лидерот Ненад Крстиќ. Србија потоа го зазела четвртото место. Кешељ одиграл добро и на ЕП 2011 во Литванија, кога Србија го зазела еседмото место.

Успеси

Клупски

Ѓирона : ФИБА Еврокуп (1): 2006/07. Олимпијакос : Евролига (1): 2011/12. Грчко првенство (1): 2011/12 Куп на Грција (1): 2011 Остенде : Белгиско првенство (1): 2016/17. Куп на Белгија (1): 2017 Црвена звезда : Српско првенство (2): 2017/18, 2018/19. Јадранска лига (1): 2018/19. Суперкуп на Јадранска лига (1): 2018

Репрезентативни

Светско првенство до 19 години: 2007 година Европско првенство до 20 години: 2008 година Универзијада: 2009 година.

Наводи

Надворешни врски РСБ презентација: Марко Кешељ Профил на веб-страницата на АБА лигата Профил на веб-страницата на Евролигата

Категорија:Играчи на КК Олимпијакос Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Српски кошаркари Категорија:Спортисти-политичари