Масакр во Гуменџе ― масакр извршен врз 52-ца македонски и грчки борци, во мај/јуни, 1944 година.
Хронологија на настаните Во мај 1944 година германските окупаторски војски започнале воени операции против единиците на ЕЛАС на планината Пајак. Воените операции биле неуспешни и германските сили претрпеле околу 10 жртви, меѓу кои загинал и еден грчки командант. По овој настан следела одмазда врз мирното население. Најпрво било запалено селото Голема Ливада, ограбени биле и други села, а уапсени повеќе од 100 патриоти - Македонци и Грци од Гуменџе и околината. Сите биле членови на КПГ и ЕАМ, додека Гоно Маслинчев и Танасис Александропулос биле кадри на КПГ во Гуменичко. На 8 мај бил обесен еден од уапсените лица, Г. Георгопулос, додека другите биле испратени во логорот во Солун „Павлос Мелас“.
По еден месец, 52 од уапсените повторно биле префрлени во Гуменџе и биле застрелани во месноста позната како „Чкрчишта“, на еден километар од градот. Уапсените биле стрелани по петмина, а потоа фрлани во еден необележан гроб.
Нивните последни зборови биле: „Да живее ЕЛАС! „Да живее КПГ!“ „Да живее слободата!“
Наводи
Категорија:Гуменџе Категорија:Македонски партизани Категорија:Грција во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во 1944 година