Грамада — населба од неолитското и римското време во атарот на селото Глишиќ, Македонија. На 1 километар јужно од селото, помеѓу патот и реката Луда Мара, по површините на лозјата се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал (камен, тегули, имбрекси). Еден питос се чува кај Герасим Кујунџиев. Во некогашното лозје на Кујунџиев има фрагменти од неолитска керамика и орудија од кремен и камен.

Поврзано Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време; Танко Патче — вила рустика од римското време; Глишиќ; и Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи

Категорија:Глишиќ