Марит Бјорген (норвешки: Marit Bjørgen; родена на 21 март 1980 година) е норвешка нордиска скијачка. На вечната листа од Светскиот куп во скијачко трчање таа е рангирана на првото место со 114 победи во поединечна конкуренција. Бјорген е и најуспешната спринтерка во историјата на Светскиот куп во скијачко трчање, со 29 победи. Таа освоила најмногу медали на Зимските олимписки игри во 2010 година; освоила пет медали од кои три златни. Како петкратна учесничка на Олимписки игри, освоила рекордни 15 медали, повеќе од било кој спортист во историјата на Зимските олимписки игри.

На 6 април 2018 година, Бјорген објавила дека се повлекува од натпреварите во скијачко трчање по завршување на сезоната 2017-18. Во мај 2020 година, Бјорген објавила дека ќе се врати на натпреварувањето, со цел да учествува на трката во Васалопет во март 2021 година.

Светски куп Марит Бјорген на почетокот била одлична на спринтерските трки, а со седумте победи во тие трки биле доволни за да го освои второто место во генерален пласман во Светскиот куп во скијачко трчање во сезоната 2003–04. Но, од сезоната 2004-2005, Бјорген станала врвен скијач на долги патеки. лево|мини| Марит Бјорген во Отепа за време на Светскиот куп во нордиско скијање 2005-06

Светски првенства Бјорген има осумнаесет златни медали од Светските првенства во нордиско скијање, од кои дванаесет во поединечна конкуренција. Својот прв златен медал на Светските првенства го освоила спринтерската трка во Вал ди Фиеме во 2003 година, каде што исто така освоила сребро во трката 4 × 5 км. Таа освоила три медали во Оберстдорф во 2005 година во 30 км класично, тимски спринт и 4 × 5 км. Таа исто така освоила сребро во 7,5 км + 7,5 км двојна потера и бронза на 10 км слободно на истите игри. На првенството во 2007 година во Сапоро, Бјорген освоила две бронзени медали во екипен спринт (со Астрид Јакобсен) и во 4×5 км. Во Холменколен во 2011 година таа победила на спринтот во поединечна категорија, на 15 км потера, на 10 км класично, и на 4×5 км и освоила сребро на 30 км. На Светското првенство во Вал ди Фием во 2013 година, таа победила на спринтот во поединечна категорија, двоен потера, 4 x 5 км, 30 км и освоила сребро на 10 км слободен стил.

Олимписки игри лево|мини| Марит Бјорген се радува на освоеното злато во спринт на Олимпијадата во 2010 година На 21-годишна возраст, таа учествувала на Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити 2002 година, каде што освоила сребро во штафетата 4x5 километри. На Зимските олимписки игри 2006 во Торино, освоила сребрен медал на 10 километри слободно и завршила на четвртото место во штафетата 4x5 километри. На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, Бјорген освоила пет олимписки медали во сите дисциплини во кои учествувала: златен медал на 15 километри, класичен спринт и штафетна трка 4x5 километри, како и сребрен медал на 30 километри масовен старт и бронзен медал на 15 км.

На Олимписките игри 2014 во Сочи, Русија, освоила три златни медали: 15 километри скиатлон, 30 километри масовен старт и екипен спринт. Со овие три олимписки медали, дотогаш имала освоено вкупно десет медали, со што го израмнила рекордот за најмногу освоени медали на зимските олимписки игри во женска конкуренција, заедно со Стефанија Белмондо и Раиса Сметанина; но од сите три наведени рекордери, Бјорген имала најмногу злата.

На Олимпијадата во Пјонгчанг 2018 година, освоила злато на 30 км класично, 4х5 км штафетната трка, сребро на 15 километри скиатлон и бронза на 10 километри слободно и екипен спринт.

Бјорген учествувала на пет последователни Зимски олимпијади, од Солт Лејк Сити во 2002 година, каде што го освои својот прв сребрен медал, до Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг кога ги освоила последните пет олимписки медали, и со вкупно 15 освоени медали таа има освоенонајмногу медали во историјата на Зимските олимписки игри.

Резултати од скијачко трчање

Олимписки игри

15 медали – (8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени)

 година  Возраст  10 км  15 км  Потера  30 км  Спринт  4 × 5 км   Тим  спринт 2002 21 - 50 - 14 - Сребро 2006 25 Сребро не заврши - 18 5 4 2010 29 Бронза Злато Сребро Злато Злато - 2014 33 5 Злато Злато 11 5 Злато 2018 37 Бронза Сребро Злато - Злато Бронза

Светски првенства

26 медали – (18 златни, 5 сребрени, 3 бронзени)

 година  Возраст  10 км  15 км  Потера  30 км  Спринт  4 × 5 км  Тим  спринт 2001 20 24 - 19 - - 2003 22 - 24 - - Злато Сребро 2005 24 Бронза Сребро Злато 16 Злато Злато 2007 26 22 12 9 10 Бронза Бронза 2009 28 16 19 - 9 4 - 2011 30 Злато Злато Сребро Злато Злато - 2013 32 Сребро Злато Злато Злато Злато - 2015 34 31 6-ти Сребро Злато Злато - 2017 36 Злато Злато Злато 16 Злато -

Светско првенство

Сезонски титули

12 титули – (4 севкупно, 3 далечински трки, 5 спринт)

Сезона Дисциплина 2003 Спринт 2004 Спринт 2005 Севкупно Далечински трки Спринт 2006 Севкупно Спринт 2012 Севкупно Далечински трки 2015 Севкупно Далечински трки Спринт

Сезонски пласман  Сезона  Возраст ДисциплинаСкијачки турнириСевкупноДалечински тркиДолги патекиСредни патекиСпринтНордиско ОтворањеТур де скиСветски купКонечно200020 — 20012153 48 20022232 36 2003236 20042411 200525 2006264 2007274 6 200828116 16 6200929109 14 1020201030 —201131 4—201232 20133346 7—201434 201535 2017375 154—20183855 26—

Наводи

Надворешни врски

ESPN fasterskier

Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2006 Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Норвешка Категорија:Живи луѓе Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010 Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Освојувачи на сребрен медал на Олимписки игри за Норвешка Категорија:Освојувачи на медали на Олимписки игри во скијачко трчање Категорија:Шампиони на ФИС Светскиот куп во скијачко трчање Категорија:Освојувачи на златен медал на Олимписки игри за Норвешка Категорија:Норвешки нордиски скијачи на Олимписки игри Категорија:Норвешки нордиски скијачки Категорија:Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2006 Категорија:Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2010 Категорија:Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2002 Категорија:Нордиски скијачи на Зимските олимписки игри 2018