Куќа на Григор Прличев — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Како родна куќа на писателот Григор Прличев, таа е претворена во негов спомен-дом, дел од Заводот за заштита на спомениците и музеј на градот.

Историја Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, близу до Долни Сарај и црквата „Св. Софија“, во југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, на улица „Григор Прличев“ бр. 66. Изградена е веројатно на почетокот на XIX век. Во 1930-тите била во урнатини. Кога Кирил Прличев се вратил во Охрид по бугарската окупација во 1941 г., тој не се вселил во родната куќа, туку во куќата на Ракичевиќ, која е во долниот дел на градот.

Зачувани се два документа за оригиналниот изглед на куќата — скица на горниот кат од Нико Този од 1943 г. која се чува во Државниот архив во Софија и разгледница од 1915 г. Во 1997 г. е покрената иницијатива за обнова на куќата како спомен-дом на Прличев. Камен-темелникот е удрен во 1998 г. Архитект е охриѓанецот Митко Паскали. Дарител на средства бил стопанственикот Минчо Јорданов. Отворена е за јавноста на 6 февруари 2000 г.

Поврзано Гроб на Григор Прличев Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Григор Прличев Григор Прличев Категорија:Прличеви Категорија:Григор Прличев Григор Прличев