Курилово — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Дебриште, Општина Росоман. Претставува рудник за мермер од римско време.
На 2 км западно од селото, на еден висок рид има траги од долгогодишна експлоатација на мермер. На површината се среќаваат делови од колони и капители, незавршени и искршени. Изгледа дека од ова место биле вадени големи блокови кои биле грубо обработувани, а потоа пренесувани во Стоби каде се вршела дефинитивна обработка.
Поврзано
Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко
Наводи