Куќа на Христо Узунов — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Како родна куќа на револуционерот Христо Узунов, таа е претворена во негов спомен-дом, дел од Заводот за заштита на спомениците и музеј на градот.

Историја мини|лево|Северната фасада на ул. „Цар Самоил“ со музејскиот влез. Куќата на Узунови е сместена во страриот дел на Охрид, на улица „Цар Самиол“ бр. 45, спроти Лапидариумот на Куќата на Робевци. Изградена е во средината на XIX век, најверојатно од Христо Узунов или син му Димитар, обајцата преродбенички дејци. Таа е роден дом синовите на Димитар, Андон и Христо Узунови, видни дејци на ВМОРО во Охрид. По смртта на Андон (1903) и Христо (1905), во 1906 г. третиот брат Ангел Узунов се преселил со мајка си Анастасија во Ќустендил. Во 1938 г. куќата е продадена на семејството Симончеви.

Во 1953 г. Народниот комитет во Охрид ја национализирал куќата и на 2 август 1953 година на неа е поставена мермерна спомен-плоча по повод педесет години од Илинден. На 10 септември 1960 г. општинските власи му ја предале куќата на Народниот музеј на Охрид. Во 1968 г. таа е прогласена за споменик на културата, а во 1977 – 1978 г. истата е реконструирана. Во 1982 г. во куќата е поставена трајната изложба „Народноослободителното движење во Охрид и Охридско“ со просторија посветена на војводата Христо Узунов, која останала до 1989 г. Во 1996 г. куќата повторно е прогласена за споменик на културата и повторно е отворена за посетители постојаната изложба од документи и предмети поврзани со револуционерната дејност во Охридско и просторија посветена на Христо Узунов. Во куќата се приредуваат и пригодни изложби од областа на историјата, историјата на уметноста, козерваторството, како и научни збиднувања.

Архитектура Градбата има сутерен со карактеристичен премин наречен „темница“, приземје и кат. Пред реконструкцијата во 1970-тите приземните ѕидови биле изградени од кршен камен со варов малтер и претежно со кал. Во лоша состојба бил и самостојниот носечки ѕид од камен кој гледал во езерото и ја образувал темницата. Западниот и северниот ѕид биле изведени со плитар и биле пред распаѓање. Останатите ѕидови на приземнето и катот, како и меѓукатната конструкција биле од дрвена бондручна конструкција. Покривот бил од гнили дрвени греди. При реставрацијата е направен скелетен систем од армиран бетон, при што е зачувано каменото приземје. Ѕидовите на катот се направени од тули. Покривната конструкција е дрвена со ќерамиди, положена на бетонска плоча. Скалиштата на катот се дрвени. Потот на приземјето е од мермерни плочи, а на катот е од даски. Внатрешноста е украсена со традиционални елементи — чичеклаци, огништа, сергени, дрвени опшивки на ѕидните платна и гипсани таваници со декоративни апликации. Фасадата е во типичниот охридски стил, бојадисана бело, со еркерно издаден кат и богато профилирани венци. Еркерите и челата на венците се опшиени со даски. Прозорците се со дрвени опшивки.

Поврзано Узунови Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Спомен-куќи во Македонија Христо Узунов Христо Узунов Категорија:Узунови