Зона Замфирова е српски филм од 2002 година кој претставува љубовна приказна меѓу членовите на различни општествени слоеви, кујунџијата Мане (Војин Четковиќ) и богатата ќерка Зона (Катарина Радивојевиќ), сместена во амбиентот на Ниш од крајот на 19 век.
Замислен многу амбициозно, филмот ги надмина сите очекувања во поглед на гледаноста и заработката, а според некои извори станал и најгледаниот српски филм на сите времиња.
Филмот бил премиерно прикажан на 31 октомври 2002 година во Белград.
Синопсис Филмот ја следи судбината на хероината Зона, ќерка на чорбаџија која е вљубена во кујунџијата Мане. Кога тетка Дока ја бара раката на Зона за Мане, тој е одбиен и повреден до смрт. Тој се одмаздува и неговата одмазда директно влијае на угледот на Зона... Но, љубовта знае како да ги надмине сите препреки и двајца љубовници наоѓаат начини да се спојат...
Улоги +ГлумецУлогаКатарина РадивојевиќЗона ЗамфироваВојин ЧетковиќМанеМилена ДравиќТашана, мајка на ЗонаДраган Николиќхаџи Замфир, татко на ЗонаРадмила ЖивковиќДока, тетка на МанеРужица СокиќТаскеСветлана БојковиќЈевда, мајка на МанеНикола ЃуричкоПерицаСлобода МиќаловиќВаска, помошничкаНебојша ИлиќМанулачБранимир Брстинахаџи Јордан, татко на МанулачДаница МаксимовиќПерса, сопруга на ЈорданЈелица Сретеновиќтетка или стрина на ЗонаАна ФраниќВасилијаПредраг ЕјдусФранцишек, трубачБиља Крстиќпејачката АјшаТихомир СтаниќСтеван СремацБојана БамбиќГенаМихајло Бата ПаскаљиевиќФенерџијаМарија ВицковиќКалинаСања КрстовиќУранијаАлександар МаринковиќПајицаВладимир ЦрвенковиќПотеАлександар МихаиловиќКотеЈасминка ХоџиќНиколетаМладен НедељковиќновинарДрагана ИлиќКостадинкаСтанислава МилосављевиќРушкаРатомир ВасиљевиќАметАлександар ЛазаревиќКујунџијаАнгелина ТошиќПараскеваСлободан АлексиќПрофесорСнежана ПетровиќМадаЈана Милосављевиќмала ЗонаЉубиша БаровиќГмитраќ грнчарМилан НаковЗоран ЖивковиќМарија ПоповиќДонеТања РанчиќБатица АндреевиќСлавољуб Плавшиќвозач на кочијаВладимир КовачевиќЗоран НиколиќЕмил СуческаЈован
За филмот Зона Замфирова е најгледаниот српски филм од 2002 година, со 1.082.052 гледачи во српските кина.Utrkivanje blokbastera Филмот е снимен во формат 16:9, а издаден е примерок од филмот 4:3, специјално за телевизија. Филмот има 5,1 Dolby Digital звук.
Филмот е снимен од 18 јуни до 22 јули 2002 година во Ниш, Пирот и Сокобања.
Награди
Наградата за најдобар Глумечки пар на годината, по избор на читателите на ТВ Новости, ја добија Катарина Радивојевиќ за улогата на Зона и Војин Четковиќ за улогата на Мане на Филмските средби во Ниш во 2003 година.
ДВД издание ДВД изданието на филмот беше објавено на 1 октомври 2003 година. Содржи посебни додатоци, како што се: Избор на сцени, доживувања од снимањето, трејлер, интервјуа со режисерот и глумците, фотогалерија, репортажа од премиерата на филмот во Сава Центар и музички спотови.
Наводи
Надворешни врски
Зона Замфирова на веб-страницата IMDb (јазик: англиски) Бугарска страница на љубителите на овој филм[ <span title="">мртов линк</span> ]
Категорија:Комични филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 2002 година