„Магнолија“ — архитектонско обележје на Битола. Објектот е прогласен за значајно културно наследство на Македонија.

Местоположба Се наоѓа на плоштадот Магнолија, со адреса на главната улица Широк Сокак бр.37.

Историја Градбата била изградена во втората половина на 19 век како сопственост на битолскиот рентиер Икономов. Тој објектот му го дал под закуп на Австрискиот конзулат во градот. Од 1912 година, кога Битола влегла во составот на Србија, објектот почнал да се користи како станбен објект. Во 80-тите станува трговски објект и ресторан под името „Магнолија“, заради магнолијата која се наоѓала пред влезот.

Архитектура Архитектонскиот концепт на објектот е монументален и потсетува на средоземната архитектура. Јужната фасада има изразена пропорционалност, постигната со симетрично распоредени прозорски отвори, врамени со мермерни рамки и заоблени отвори на чардаците.

Наводи

Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Битола Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола