Големи Баби — населба од римското време во атарот на селото Голозинци, Македонија. Во местото Рамниште, кое се наоѓа на десниот брег на Тополка, на 2 километри југоисточно од селото има простор со површина од 700 на 50 метри на кој се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал, потоа делови од мермерна архитектонска пластика и водоводни керамички цевки - тубули. Оттука потекнува торзо од женска статуа што се чува во Народниот музеј во Велес.
Поврзано Ридот — населба од неолитот; Голозинци; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Голозинци