Вила Тина — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Вилата се наоѓа на главната улица на Гевгелија близу железничката станица.

Историја

Објектот е подигнат помеѓу Првата и Втората светска војна, најверојатно во 1924 година. Проектот бил на архитектот Борис Дутов од Белград, кој бил автор на повеќе објекти во Скопје од тој период.

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Објектот е во приватна сопственост.

Архитектура

Вилата се разликува од она што како негово дело е изведено во Скопје. Овој тип на градба е со сутеренско приземје и кат.

Објектот бил предвиден како градска вила со дворна површина во предниот дел. Челната фасада е решена на тој начин што особено е нагласен катот, со оглед на тоа што приземјето е сутеренско, на кој од десната страна има пространа тераса до која водат ѕидани скали.

Галерија

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Куќи во Гевгелија