Зграда на Општина Гевгелија — стара административна зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.
Местоположба
Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 4.
Историја
Објектот е подигнат во 1936 година како општинска зграда што подоцна станала судница.
Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Денес е седиште на Општина Гевгелија во кои се наоѓаат службените простории на општината.
Архитектура
Нема изворни податоци за тоа кој е архитект на овој објект, иако претпоставка е дека се работело за некој белградски архитект.
Објектот бил замислен како издигнато приземје со кат и подрумски простории.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Згради и градби во Гевгелија Категорија:Градски домови