Преод — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Преод. Претставува осамени наоди од римското време.
Н. Вулиќ регистрирал три споменици што се наоѓале пред и околу селската црква, и тоа: стебло од столб од варовник, високо 1,70 м, со грчки натпис; горен дел од надгробна плоча од бел мермер на кој има три бисти претставени во длабок релјеф; оштетена надгробна плоча од бел мермер, со две релјефно претставени полумесечини на левиот раб.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Преод; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи