СС (германски: , SS; Шуцштафел - „Безбедносен одред“) — голема безбедносна и паравоена организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и на Нацистичка Германија.
Кратка историја
Во 1925 г. Адолф Хитлер оформил своја лична гарда наречена Schutzstaffel (Шуцштафел, Безбедносни одреди). Четри години подоцна, Хитлер го назначил Хајнрих Химлер за водач на СС. До тогаш СС броела само околу 280 членови. Тие носеле иста униформа како СА, освен што имале специфични црни капчиња со сребрена мртовечка (костурска) глава и црна вратоврска.
Во наредните години, Химлер (и СС) добил поголема независност од СА. Јозеф Дитрих — Зеп бил назначен на чело на Хилеровата гарда, додека Химлер имал задача да ја одржува и шири организацијата.
Со дозвола од Хитлер, Химлер ја проширил СС. Тој лично ги проверувал и одобрувал сите апликации за да се осигура дека сите апликанти биле со чиста ариевска крв (еден од условите за членство!). Во 1932, Химлер ги вовел црните унифрорми за СС.
Кога Нацистичката партија ја добила власта во 1933, СС прераснале во масовна организација со околу 52000 членови! Химлер бил назначен за шеф на целата германска полиција надвор од Прусија (каде што Херман Геринг бил министер за внатрешни работи).
Химлер се согласил со Геринг дека СА претставувале закана за германската армија и во јуни 1934, заедно со неговите лојални помошници, Рајнхард Хејдрих, Курт Далиг и Валтер Шелеберг, ја организирал „чистката“ позната како Ноќ на долгите ножеви.
Последиците од чистката ја направиле СС примарна алатка за внатрешното владеење во Германија. Во 1936 Гестапо исто така била ставена под контрола на Химлер. Тој бил во можност да постави луѓе од СС во сите клучни позиции во Германија.
Во декември 1940, Химлер ја основал Вафен-СС (Вафен-СС; во превод „Воена СС“; буквално германски: Waffen = оружје). Оваа нова армија растела бргу и за само 6 месеци броела 150.000 луѓе.
За време на Втората светска војна, одредот „Мртовечка (костурска) глава“ (СС-Черепни единици, SS-TV) биле поставени на чело на германските концентрациони логори. СС исто така ја следела германската армија во Советскиот Сојуз, каде што имале задача да отстрануваат (убиваат) евреи, цигани, комунисти и партизани.
Во јуни 1944, во СС членувале повеќе од 800.000 луѓе: Личната гарда на Хитлер - 200.000, Вафен-СС - 594.000 и СС-Черепни единици - 24.000 (има податоци коишто велат дека кон крајот на 1944, Вафен-СС броела над 900.000 членови.)
Во воениот суд, на судењето во Нирнберг СС биле осудени како криминална организација и голем број од водачите биле погубени.
Историја
Потекло и создавање
Сѐ започнало во 1923 година, кога се оформиле СА (Sturmabteilung). Јуришните војници имале задача да ги штитат високите партиски водачи во Нацистичката партија. Со други зборови, тие биле телохранителите на митинзи, собири и други јавни настани. На почетокот имало само 8 членови. Нивните униформи биле причината да бидат нарекувани и „кафени кошули“.
По неуспешниот обид за државен удар во 1923, СА биле малку запоставени (целата НСДАП имала кризен период додека нивниот водач бил зад решетки), но се вратиле на сцена во 1925. Ова време од СА излегле т.н. Stabswache, задолжени за заштита на Хитлер, кои биле преименувани во Stosstrupp Adolf Hitler. Истата година се прошириле на национално ниво и станале познати како Schutzstaffel (СС). СС не била веќе лична гарда на Хитлер, туку и на други партиски водачи. Со текот на времето оваа прилично мала формација, ќе прерасне во елитна германска армија.
Развој Од 1925 до 1929, СС биле само еден баталјон на СА, со не повеќе од 280 членови. На 6 јануари 1929, Хитлер го назначил Хајнрих Химлер за водач на СС. Од неговото доаѓање, СС забележала огромни проширувања. На крајот на 1932 тие броеле 52 000 луѓе. Наредната 1933 повеќе од 209 000 луѓе ги носеле познатите црни униформи. Химлер ги основал проширувањата врз основа на Витезите Темплари и италјанските „црни кошули“. Некои наоѓаат сличноти и во Исусовото друштво на апсолутна послушност на Папата.
До 1932, СС носеле исти униформи како и СА, со тоа што имале црни врски и црни капчиња со Totenkopf симболот на нив (костурска глава). Подоцна, нови целосно црни униформи ќе бидат создадени за СС, а пред војната и светлосиви - беж униформи ќе бидат користени. Воената-СС (Waffen-SS) користела темно-зелени униформи, налик на оние на регуларната армија, а имале и специјални за камуфлажа во различни средини. Во 1945, СС почнале да го носат т.н. Leibermuster шаблонот којшто е користен и во модерните воени униформи.
„Мојата чест се вика лојалност!“ била нивната парола (германски: Meine Ehre heißt Treue). Хиерархискиот систем во СС бил специфичен по тоа што бил создаден по принцип на СА, а не на германската армија (копно, воздух, вода...).
Химлер, заедно со неговиот соработник Рајнхард Хејдрих, ја консолидирале организацијата. Во 1931, Хејдрих добил задача да создаде безбедносен одред во СС, познат како Sicherheitsdienst (SD). Пред почетокот на војната, СД броела 250 000 членови. Воената СС била создадена во декември 1940, па преземале контрола врз сите вооружани СС единици кои се бореле во Полска и Франција дотогаш. На почетокот биле само одбранбена сила, но подоцна прераснале во цела армија. Во 1934, на СС им била доделена Гестапо како и контрола врз сите концентрациони логори.
СС пред Втората светска војна
Во периодот од создавањето на СС до почетокот на војната, СС претрпеле многу регрупации, во главно предизвикани од наглите проширувања. Имено, СС од 8 Хитлерови телохранители, прераснале во армија од стотици илјади луѓе, којашто стоела рамо до рамо со регуларната германска армија на фронтовите, а воедно и се грижела за редот и мирот во Германија (на свои уникатни начини).
1925–1928 На почетокот од 1925, СС била сочинета само од 8 луѓе кои служеле како лична гарда на Хитлер. До септември истата година, сите локални кабинети на НСДАП добиле наредба да создадат групи на „телохранители“ од десетина души. Во 1926, веќе имало 6 СС-Гау (германски: Gau; Област) организации кои имале задача да ги надгледуваат ваквите мали групации низ Германија. СС-Гау одговарале пред Главниот штаб на СС, познат како СС-Оберлајтунг (германски: Oberleitung; надгледување). Овие пак, добивале наредби од штабот, односно командантот, на СА. Во ова време СС биле составен дел од СА.
Шесте СС-Гау: СС-Гау Берлин Бранденбург (Berlin Brandenburg) СС-Гау Франкен (Franken) СС-Гау Нидербаерн (Niederbayern) СС-Гау Рајнланд-Сид (Rheinland-Süd) СС-Гау Сашен (Sachsen)
1929–1931
Во 1929, штабот на СС бил проширен и реорганизиран во пет различни кабинети,
Абтајлунг I: за администрација Абтајлунг II: за персонал Абтајлунг III: за финансии Абтајлунг IV: за безбедност Абтајлунг V: за раса, (германски: Abteilung; оддел)
по што СС-Оберлајтунг било преименувано во СС-Оберштаб (SS-Oberstab). Во исто време СС-Гау биле проширени во 3 СС-Оберфирерберајх (SS-Oberführerbereiche), по што наместо на 6 помали територии, сега вршеле контрола на 3 поголеми територии:
СС-Оберфирерберајх Ост (Ost; исток) СС-Оберфирерберајх Вест (West; запад) СС-Оберфирерберајх Сид (Süd; југ), Секоја од тие СС-Оберфирерберајхе биле поделени на СС-Бригаден (SS-Brigaden), а овие пак на помали SS-Standarten.
(Brigaden - бригади; Standarten - стандардни)
1931–1933 Во 1931, кога бројот на членови станал повеќе од 100.000, СС биле повторно организирани. СС-Оберлајтунг престанало да постои и наместо тоа било создадено СС-Амт (SS-Amt), коешто се делело на 5 делови: (Amt - кабинет, канцеларија):
I: генералштаб II: кабинет за персоналот III: за администрација IV: СС резервисти V: СС медицински корпус
Освен СС-Амт, биле создадени и SS-Rassamt и Sicherheitsdienst Amt (SD) коишто биле посебни кабинети, но со еднаква надлежност како генералштабови. (Rasse - раса; Sicherheitsdienst - базбедосна агенција).
Во исто време, СС-Оберфирерберајхен биле заменети со СС-Групен (SS-Gruppen), коишто биле поделени на 5 делови: СС-Групен Норд (Nord; север) СС-Групен Ост (Ost; исток) СС-Групен Сид (Süd; југ) СС-Групен Сидост (Südost; југо-исок) СС-Групен Вест (West; запад) (Gruppen - групи)
Пониските редови останале незименети до 1933.
1933–1934 thumb|220п|Аушвиц Откако Хитлер дошол на власт, СС почнала да се смета за државна организација и дел од владата. Штабот, SD, и расниот кабинет биле сметани како легално вработени во државниот сектор, како и водачите на СС-Групен и некои други команданти. Другите членови биле еден вид на доброволци. Тогаш Алгемајн-СС (Allgemeine-SS) била создадено со цел останатите членови на СС да се разликуваат од Вафен-СС и SS-Totenkopfverbände.
(Allgemeine - општо, генерално; Waffen - оружје; Totenkopf - костурска (мртовечка) глава; Totenkopfverbände - асоцијација на костурската глава)
Есента 1933, личната гарда на Хитлер (до тогаш SS-Standarten 1, ситуирана во Минхен) била повикана во Берлин да ја замени Армиската гарда на канцеларот, како заштита на германскиот канцелар. Во почетокот на 1934, оваа гарда се преименувала во Leibstandarte SS Adolf Hitler (LSSAH), којашто подоцна ќе стане првата дивизија во борбениот оддел на Вафен-СС.
(Leibstandarte - телесни стандарди)
1934–1936
По Ноќта на долгите ножеви, СС повторно била масовно реорганизирана. СС-Групен станале SS-Oberabschnitt, а штабот и командните кабинети биле регрупирани во 8 SS-Hauptamt. Овие, од 8, до 1944 ќе се прошират во 12 и ќе останат непроменети до крајот на војната.
(Hauptamt - главен кабинет)
На 20 април 1934, Гестапо, којашто до тогаш била државна организација во Прусија, потпаднала под надлежност на СС. Гестапо ќе биде контролирана од новоформираната Sicherheitspolizei, еден вид комбинација од Гестапо и СД. Оваа огранизација во 1939 ќе прерасне во RSHA (Reichssicherheitshauptamt).
(Reichssicherheitshauptamt - главен кабинет за царска безбедност)
Летото 1934, СС преземале контрола над сите концентрациони логори од СА, по што создале нова организација, SS-Totenkopfverbände (SS-TV) којашто имала задача да се грижи за логорите. На почетокот, SS-TV била поделена на 6 Wachtruppe во секој од големите логори. Во 1935, овие биле проширени во Wachsturmbann, а во 1937 во 3 главни SS-Totenkopfstandarten. До 1941 не се менувале работите, кога потребите ги приморале Вафен-СС да се ангажираат за водство на логорите.
Вафен-СС првпат биле оформени како SS-Verfügungstruppe во 1934. На почетокот како СС војска, од Verfügungstruppe ќе се формираат 3 дивизии, коишто, заедно со Leibstandarte, ќе станат дел од Вафен-СС во 1941.
1936–1939 Во 1936, во СС спаѓала сета германска полиција, којашто била поделена на Ordnungspolizei и Kriminalpolizei. Овие две организации пред почетокот на Втората светска војна ќе станат дел од RSHA.
Во 1939, од Totenkopfverbände ќе се формираат SS Totenkopf дивизиите, коишто биле составени од поранешни водачи на концентрациони логори. Овие дивизии подоцна ќе станат дел од Вафен-СС.
Сите овие реорганизирања и регрупирања на СС биле извршени со цел да се задржи контролата врз нив, со што полесно би се оддржала и контрола врз населението. Воедно целиот систем на организирање давал чувство на ред во СС. Всушност, СС биле слика на едно идеално општество, каде што сѐ е организирано и средено. Со ваква лична армија, Хитлер самоуверено ја „започнал“ Втората светска војна.
СС за време на Втората светска војна thumb|240п|Евреи убиени од СС во 1945 Војната само му помогнала на Химлер својата идеја да ја доведе поблиску до реалноста (идејата на Химлер била по победата во војната, по остварувањето на планот за Лебенсраум, персоналот на СС да се пресели на исток, каде што ќе живеат во преобразени постоечки градови, а и во новосоздадени вистински германски градови. Со ова тој сакал да создаде една „СС-држава“ каде што високите офицери на СС би биле на власт или би имале важни функции, а најниските би биле еден вид на работничка класа.).