Dolerus uliginosus — вид на растителна оса од родот Dolerus.

Опис Главата црна, антените подолги од абдоменот. Градите црни. Крилата стаклесто провидни, жилките црни. Абдоменот црвеникавожолт, првиот и двата последни тергити на абдоменот црни. Мажјакот по обојувањето на телото и по другите надворешни белези сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 16-20 мм. Основната боја на главата жолта. Над очите и на челната плочка има темнокафеави дамки. Телото дорзално зеленикаво, од долната страна светлозеленикаво. Се среќаваат во текот на мај на растенијата од родот Juncus.

Возрасните единки достигнуваат должина 9,5 — 10,5 мм.

Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Средна Европа.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 85

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија