Хинте () — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри јужно од градот Норден и 6 километри северно од безокружниот град Емден.
Географија Местоположба
Хинте се наоѓа во Источна Фризија во крајниот северозапад на Германија. Административно припаѓа на округот Аурих во сојузната покраина Долна Саксонија. Општината се наоѓа во југозападниот дел на округот во непосредна близина на безокружниот град Емден. Окружниот град Аурих се наоѓа 23 километри североисточно, додека дел од окружната управа се наоѓа во градот Норден (25 километри на север).
Општински единици
Хинте има над 7.000 жители, а скоро 40% од нив живеат во главното место Хинте.
Следниве единици припаѓаат на општината Хинте (во заградите се бројот на жители во 2006 г.):
Единица Жители составни места и имоти Хинте 2.830 Крингверум, Флихаус, Виххузен Лоперзум 1.400 Абингвер, Бауерслуст, Ајзингхузен, Клајн-Занде, Лоперзумер Грасхаус, Лоперзумер Медехаус, Мербуден, Мајнерсхоф, Вилхелмсхоф Зурхузен 1.175 Ханеборг, Ондерберг, Штикелборг, Зурхузер Хамрих, Тителборг Грос Мидлум 760 Хорст, Лојхтенбург, Грос Мидлумер Меде Остерхузен 500 — Вестерхузен 320 Грос-Албрингсвер, Харсвегер Цигелај, Мосенбург, Штатвик, Вестерхузер Нојланд Киркверум 200 Клајн-Крингверум Канхузен 170 Лангевер Вкупно 7.355 —
Соседни општини
Хинте се граничи со следниве општини (почнувајќи на југ, надесно): градот Емден, општината Крумхерн, општината Вирдум (во општинската заедница Брокмерланд), општината Зидброкмерланд. Освен безокружниот град Емден, сите други општини се наоѓаат во округот Аурих.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија