Турбе на Али-паша од Дагестан — османлиска гробница (турбе) во Чаир, Скопје. Прогласено е за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на Султан-муратовата џамија во кој се наоѓа.
Турбето е изградено во 1188 година од хиџрата (= 1774 од Христа). Му припаѓа на типот отворени турбиња со купола на шестаголна основа, покриена со олова и потппрена на шест масивни столба. Изградено е од делкан камен, со олово како врзивен материјал. Оштетено е во Скопскиот земјотрес од 1963 г. но потоа поправено. На фасадата во низок релјеф се претставени џамија со минаре, друго минаре со жлебови и две вазни со цвеќе. Во внатрешноста има два камени саркофага во кои се погребани жената и ќерката на Али-паша од Дагестан. За погребаните жени стои натпис на турски:
Поврзано Турбе на Бикиј Хан во истиот комплекс Султан-муратова џамија Културно наследство на Македонија во Општина Чаир
Наводи
Надворешни врски
Али-паша Категорија:Исламска архитектура во Македонија Категорија:Појавено во 1774 година Категорија:Знаменитости во Скопје