Раде Рогожаров (р. година во Штип) — македонски театарски, филмски, телевизиски глумец и музичар. Во 1988 година, Рогожаров дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Владимир Милчин. Тој бил вработен во Народен театар - Штип.

Водител бил на повеќе културно-забавни и контактни емисии на националните ТВ-канали: МТВ, Канал 5, Наша ТВ и други.

Во јануари 2024 година, тој заминал во пензија.

Филмографија Година Филм Улога 1985 Бушава азбука ТВ-серија 1986 Среќна нова '49 ТВ-филм Музичар 1991 Тетовирање ТВ-филм 1995-2000 Во светот на бајките ТВ-серија 2001 Македонска емиграција ТВ-филм 2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2010 Македонски народни приказни ТВ-серија 2010 Царската е последна ТВ-филм 2013 Тврдокорни ТВ-серија Кмет Јонче 2014 До балчак ТВ-филм Селанец 2014-2015 Македонски приказни ТВ-серија Тошо 2024 Јана ТВ-филм

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумци од Штип Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Југословенски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје