Ив Бисума (роден на 30 август 1996 година, во Исиа) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на репрезентацијата на Мали.

Технички одлики Играч од средниот ред со основна задача да ја расипува играта на противникот, но исто така може да игра и пред одбраната како плејмејкер. Располага со голема физичка сила, покрива многу терен и е одличен во враќање на поседот на топката за својот тим.

Клупска кариера Роден во Брегот на Слоновата Коска, но израснат во Мали, тој ја започнал својата кариера во 2009 година во редовите на СК Мажестик. Во 2014 година, тој се преселил во Реал Бамако каде истата година го направил своето професионално деби. Во овој клуб останал околу две години, пред да ја напушти татковината и да замине во Европа.

Во 2016 година, тој бил купен од францускиот клуб . На 28 јули, го имал своето деби за францускиот клуб во натпревар од квалификациите за УЕФА Лига Европа против Габала што завршил 1-1. Потоа, на 20 септември, тој дебитирал во француската Лига 1, во поразот со 1-2 од Тулуза. Својот прв гол во кариерата го постигнал на 11 јули 2017 година, против Анже. Вкупно за Лил има 55 натпревари и 4 гола.

Во 2018 година, Бисума се преселил во , со кого потпишал петгодишен договор. Дебитирал за клубот од Источен Сасекс, на 11 август 2018, во поразот со 2-0 од Вотфорд на отворањето на сезоната во Премиер лигата. Тоа воедно било и неговото деби во англиското првенство. На 5 јануари 2019 година, Бисума го постигнал својот прв гол за Брајтон во победата со 3-1 на гостувањето кај во третата рунда на ФА Купот. Својот прв гол во Премиер лигата, тој го постигнал во последното коло од сезоната 2019-2020 со удар од далечина во победата со 2-1 на гости против Барнли.

На 22 јуни 2022 година, Бисума потпишал четиригодишен договор со . Дебитирал за клубот на 6 август, влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 4-1 над .

На 24 август 2024 година, Бисума го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 4-0 на домашен терен над Евертон. Во победата од 4-0 на гости над Манчестер Сити на 23 ноември 2024 година, Бисума добил жолт картон после само 14 секунди за прекршок над Фил Фоден, со што го надминал рекордот за најбрзиот жолт картон во историјата на Премиер лигата на Садио Мане (15 секунди).

Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на Мали, го направил на 18 октомври 2015, на возраст од само 19 години, во победата со 2-1 на домашен терен над во натпревар од квалификациите за Африканското првенство на нации 2016. Потоа, тој настапил во завршницата од ова првенство и постигнал гол во полуфиналето против , со кој Мали прославил победа од 1-0 и пласман во финалето. Сепак, таму тие загубиле со 3-0 од .

Тој ја претставувал својата земја на две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2021 година.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 февруари 2022 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Л1 23 1 КФ+ЛКФ 3+0 0+0 ЛЕ 1Во квалификациските кола 0 - - - 27 1 2017-2018 Л1 24 2 КФ+ЛКФ 2+2 1+0 - - - - - - 28 3Вкупно Лил 47 3 7 1 1 0 - - 55 4 2018-2019 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 5+1 1+0 - - - - - - 34 1 2019-2020 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 23 1 2020-2021 ПЛ 36 1 ФАКуп+ЛК 3+0 1+0 - - - - - - 39 2 2021-2022 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 28 2Вкупно Брајтон 112 3 12 3 - - - - 124 6 2022-2023 ПЛ 23 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ 3 0 - - - 28 0 2023-2024 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 28 0 2024-2025 ПЛ 9 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛЕ 3 0 - - - 13 2Вкупно Тотенхем 60 2 3 0 6 0 - - 69 2Вкупно во кариерата 219 8 22 4 7 0 - - 248 12

Титули Тотенхем УЕФА Лига Европа : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Ив Бисума на soccerway Ив Бисума на transfermarkt Ив Бисума на espn Ив Бисума на lequipe

Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Малиски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година