Кула (познато и како Градиште) — утврдена населба од доцноантичко време во атарот на селото Присовјани, Македонија. На околу 3 километри југозападно од селото има висок рид со доминантна местоположба кој е пристапен само од источната страна. На зарамнетото плато се гледаат грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.
Поврзано Металица — средновековна населба; Селишта — средновековна црква; На Црков — некропола од доцниот среден век; Присовјани; и Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи
Категорија:Присовјани