Плоштадот Платан е централниот градски плоштад и еден од симболите на градот Требиње.

Историја Платани се едни од најпрепознатливите симболи на Требиње. По анексијата на Босна и Херцеговина во 1878 година, Австроунгарија пронашла гробишта во центарот на градот и било одлучено да ги преселат, а 16 дрва чинари да засадат на нивно место. Со текот на времето, во градот биле засадени повеќе чинари, па сега ги има околу 80.

Сегашната ситуација Во близина на плоштадот се наоѓа средновековен пазар, воедно и единствен пазар без тезги, каде на дрвени маси се продаваат најпознатите производи од Требиње како мед, вино, овошје и зеленчук. Животниот век на чинарите е 300 години, во урбаните средини е за половина помалку. Иако е утврдено дека некои чинари се разболеле, експертите сметаат дека не се потребни сериозни интервенции.

Легенда Во Требиње со Австроунгарија пристигнал и баронот Бабиќ, кој бил командант на градот. Во спомен на својата ќерка, која починала на 16-годишна возраст поради болест, баронот Бабиќ засадил 16 чинари во центарот на градот.

Поврзано

Република Србија Требиње Херцеговина

Галерија

Надворешни врски

https://web.archive.org/web/20180308103611/http://www.gost.rs/zanimljivosti/7-razloga-da-posetite-trebinje.html

Наводи

Категорија:Град Требиње Категорија:Недвижно културно наследство во Република Српска