Улица „Партизански Одреди“ - Јурија — некропола од римското време на подрачјето на скопската населба Тафталиџе, Македонија. Крај улицата, во населбата Тафталиџе, во 1964 година, при поставување на инсталации за станбена барака е пронајден еден надгробен ципус со сите архитектонски елементи. Споменикот е со латински натпис и веројатно припаѓал на истата некропола како и претходните, бидејќи се семејно поврзани. Споменикот е исчезнат.

Поврзано Тафталиџе; и Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.

Наводи

Категорија:Тафталиџе