мини|Манастирот Пустиња мини|Локацијата во Србија Манастирот Пустиња () е српски православен манастир во селото Поќута кај Ваљево во Централна Србија.
Според локалните легенди овој манастир бил изграден во 13 век од кралот Стефан Драгутин. Научните истражувања покажале дека манастирот всушност бил изграден во 1622 година на остатоците од постариот манастир кој бил изграден во 11 век. Изградбата на манастирот била завршена на 25 јуни 1622 година.
Архитектура Манастирот бил изграден во Рашката архитектонска школа. Во однос на архитектонско-просторните особини, постои сличност меѓу манастирот Увац, манастирот Благовештение во Овчар Бања, манастирот Пустиња, манастирот Добриловина, Мајсторовинскиот манастир, манастирот Троноша и други.
Поврзано
Список на манастири во Србија
Наводи
Категорија:Српска архитектура Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Споменици на културата во Србија