Кулоглу џамија (или Мехмед Челеби џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.

Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“. Датира од XVIII век.

Храмот има осумаголна основа со ќерамиден покрив на осум води. На северозападната страна во поново време е дограден двокатен трем. Минарето се наоѓа на западната страна, на преодот од молитвениот простор кон тремот. Во него се влегува од внатрешноста на џамијата. Самата џамија и минарето се изградени од необработен камен, потоа покриен со малтер. Осветлувањето е со прозорци поставени во три реда на секоја страна, освен на онаа кај михработ, влезот и минарето. Михработ, минберот и махвилот се нови. За украси се употребени профилирани обраби околу михрабната ниша и сликана декорација во куполата.

Во дворот има надгробни плочи од XVI век, што укажува на постоењето на постар храм на ова место.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Охрид Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Охрид Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Охридското муфтиство